Кој ги фотографирал двајцата астронаути кои сами слетаа на Месечината пред 49 години?

Светот денеска одбележува 49 години од едно од најголемите достигнувања на човештвото, слетување на „Аполо 11“ на Месечината. Тој 20 јули 1969 година во 22:56 минути по источно време 600 милиони луѓе ширум светот го гледаа на телевизија неверојатниот подвиг на астронаутот Нил Армстронг, кој зачекори по површината на Месечината и ја изговори реченицата „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Слетувањето на Месечината е едно од најголемите обележја на човечката цивилизација. Неговото значење се истакнува до ден денес. Но, се чини дека ниту еден друг настан не предизвикал толкав голем број контроверзи и теории на заговор. Речиси 50 години често се истакнува како една од најголемите светски измами.

ВИСТИНАТА ЗА ПРОЧУЕНАТА ФОТОГРАФИЈА НА АРМСТРОНГ И ОЛДРИН

На Месечината слетаа двајца астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин, а бројни фотографии  го потврдуваат тоа. Но, на фотографиите се гледаат двајцата и скептиците се прашуваат кој ги направил тие фотографии ако само тие двајца биле на Месечината.

Ваквите фотографии предизвикале голем број контроверзи затоа што очигледно е дека снимателот не бил со нив. Како што објаснува „Национална географија“, фотографиите се снимени од камерата која била во оделата на астронаутите, како и на самото летало кое слетало на Месечината.

Иако овој настан и понатаму е многу популарен како во научниот свет така и во поп-културата, неколку интересни факти за мисијата и понатаму остануваат релативно непознати.

  1. АРМСТРОНГ СО СЕБЕ ПОНЕЛ ПАРЧЕ ДРВО ОД АВИОНОТ ШТО ИМ ПРИПАЃАЛ НА БРАЌАТА РАЈТ

Првиот забележан лет го извеле браќата Рајт во 1903 година, 66 години пред првото слетување на Месечината. Поради тоа, Армстронг мислел дека треба со себе да понесе парче дрво од пионирскиот авион, како и парче ткаенина која би го симболизирала големиот напредок во авијацијата.

  1. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НИКСОН ИМАЛ ПОДГОТВЕН ГОВОР ВО СЛУЧАЈ НА КАТАСТРОФА

Иако „Аполо 11“ сега има зацементирано место во светската историја, во моментот на лансирање неговиот успех не бил толку сигурен. Постоел голем ризик мисијата да пропадне, а претседателот Ричард Никсон имал подготвен говор во случај на катастрофа.

  1. АРМСТРОНГ И ОЛДРИН МИНАЛЕ РЕЧИСИ ЦЕЛ ДЕН НА ПОВРШИНАТА НА МЕСЕЧИНАТА

Периодот минат надвор од вселенското летало (надвор од границата на Земјината атмосфера) е познат како ЕVA (extra-vehicular activity), што во превод би значело активност надвор од вселенскиот брод. Поради многу експерименти кои астронаутите ги спровеле на Месечината, вкупната EVA би траело да трае 21 час и 36 минути.

  1. ПО ВРАЌАЊЕТО НА ЗЕМЈАТА, БИЛЕ СМЕСТЕНИ ВО КАРАНТИН

По слетувањето на Земјата, тројца астронаути веднаш биле пренесени во карантин, каде што минале 21 ден. Причината за оваа чудна акција била спречување контаминација на какви било микроорганизми што ги носел екипажот од Месечината, затоа што се вратиле од неистражена територија.

  1. НА ПОВРШИНАТА НА МЕСЕЧИНАТА ОСТАВИЛЕ ФОТОГРАФИИ ОД ЛУЃЕ И СНИМКИ НА РАЗНИ ЈАЗИЦИ

Астронаутите оставиле неколку предмети на Месечината, вклучувајќи и фотографии од луѓе и аудиоснимки од неколку различни јазици кои го претставуват глобалното значење на мисијата. Покрај тоа, оставиле и медалјони со имињата од тројцата астронаути кои загинале во мисијата „Аполо 1“, како и од двајцата космонаути кои настрадале во слична несреќа.

  1. ВО МОМЕНТИТЕ НА СЛЕТУВАЊЕ ИМАЛЕ ГОРИВО ЗА САМО УШТЕ 25 СЕКУНДИ

Пред почетокот на мисијата постоела јасна локација на местото за слетување. Но, кога леталото почнало да слетува забележале дека локацијата е исполнета со карпи и знаеле дека слетувањето може да биде опасно. Поради тоа Армстронг почнал рачно да ја управува сондата, која вклучувала скокање преку опасниот предел, а оваа одлука значела и поголема потрушувачка на гориво. Постоела одредена граница на потрошувачката на гориво, по што леталото автоматски би го прекинало слетувањето. Слетале 25 секунди пред да стигнат до оваа точка.

  1. ПРЕКУ 600 МИЛИОНИ ЛУЃЕ НА ТВ ГО СЛЕДЕЛЕ СЛЕТУВАЊЕТО НА МЕСЕЧИНАТА

Со денови пред почетокот на мисијата медиумите пишувале за овој настан, кој ги заинтересирал луѓето ширум светот. Слетувањето го гледале преку 600 милиони луѓе, што претставува рекорд за тоа време.

  1. ИАКО НА МЕСЕЧИНАТА БИЛЕ ИСПРАТЕНИ ТРОЈЦА АСТРОНАУТИ, САМО ДВАЈЦА ЧЕКОРЕЛЕ НА МЕСЕЧИНАТА

Повеќето луѓе мислеле дека на мисијата „Аполо 11“ биле само двајца астронаути. Нил Армстронг и Баз Олдрин, од кои првиот е многу попознат. Иако е точно дека модулот со кој дошле на Месечината носел само двајца астронаути, мисијата била составена од тројца кога го напуштиле вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида на 16 јули 1969 година. Кога леталото стигнало на Месечината, еден модул останал во орбитата околу Месечината, а во него бил третиот астронаут, Мајкл Колинс. Иако Колинс не зачекорил по Месечината, оваа мисија не би била успешна без него.

  1. ОВАА ФОТОГРАФИЈА ОТКРИВА ДАЛИ Е ВО ПРАШАЊЕ ИЗМАМА

Ова е лицето на човек кој слетал на Месечината (Нил Армстронг), а не лице на човек кој сето тоа го лажирал.

Неговата насмевка открива се.

  1. КАДЕ СЕ ЅВЕЗДИТЕ

Едно од тврдењата кои ги изнесуваат теоретичарите на заговор е дека на површината на Месечината немало ѕвезди. Тоа е поради тоа што на Месечината се рефлектирала премногу сончева светлина. На фотографиите на слетувањето на „Аполо 11“  на Месечината нема ѕвезди затоа што камерата не можела да ги сними.

  1. СТУДИСКИ СВЕТЛА

Оваа фотографија често се користи како „доказ“ дека е во прашање измама. Како што истакнуваат оние кои не веруваат во најголемото достигнување на човекот, во горниот лев агол се видливи „студиските светла“.

„Ајде да се вратиме чекор назад. НАСА ќе пушти фотографија на која се гледаат студиски светла? Чудните светла на сликата се едноставно објективите од ракетата“, изјавил Роџер Лауниус од Националниот музеј на авијацијата.

 

 

 

 

 

Текстот Кој ги фотографирал двајцата астронаути кои сами слетаа на Месечината пред 49 години? е превземен од Reporter.mk.