Континенти ќе се најдат под вода ако дојде до целосно глобално затоплување

Цената на глобалното затоплување ќе биде голема и скапа за целиот свет, но и во таква ситуација, на крајот ќе постојат губитници и победници, велат климатските експерти.

Научниците предупредуваат дека целиот источен американски брег би можел да се најде под вода, доколку се случи целосно топење на Антарктикот и Гренланд.

Ваквите промени можат да доведат до геополитички промени какви што сега тешко можат да се предвидат. Некои градови ќе исчезнат, а некои подрачја ќе бидат уништени од суша. Треба да се земе во предвид дека во последните 25 години, Антарктикот избугил дури 3 трилиони тони лед.

Научниците сметаат дека одговорот можат да го добијат со проучувањето на минатото на Земјата

Земјата го започнала своето постоење како огнена топка. Од тогаш таа почнува да се лади. Во нејзиниот центар се создава цврсто јадро од метал и железо на температури од приближно 5000 степени. Железото е опкружено со океан и околу 2000 километри истопен метал, најмногу железо и никел. Околу него се наоѓа слој на карпи каде температурата се движи меѓу 500 и 900 степени.

На тие температури карпите се задржуваат во цврста состојба ама во кратки временски периоди (секунди, часови или денови). Во состојба на течност, карпите можат да се задржат и со месеци и години. Каменот тече, но не се топи. На горниот дел од обвивката на Земјата има релативно тенок слој на карпи кој е дебел меѓу 30 и 100 километри. Станува збор за планини, шуми, реки, море, континенти.

Опасност од целосно топење на Гренланд и Антартик

Доколку глобалното затоплување предизвика топење на ледот на Гренланд и Антарктикот, самото ниво на морињата и океаните би пораснало за повеќе од 50 метри. Сите крајбрежни градови би биле потопени. Преживеаните би биле присилени да бегаат на повисоки подрачја. Ако ледот кој го покрива Антарктикот се стопи, ќе се одвојат голем дел од замрзнатите карпи, кои ќе продолжат да пловат низ океаните и на тој начин ќе се ослободи огромна тежина настаната врз тектонската плоча. Слична ситуација е и со Гренланд. Кората под него се намалува за 3 милиони трилони литри вода. Научниците сметаат дека на овој начин се предизвикува подигање на делови на северно-американската тектонска плоча.

Опасност за идните генерации

Ако нивото на континентите биде поголемо од нивото на морињата тогаш се намалува опасноста од големи поплави. Тоа е важно за развивање на сценаријата за идните генерации, затоа што една од тие можности ќе се случи кога ќе се засили глобалното затоплување.

Од почетокот на 20 век глобалното просечно ниво на морето има пораснато за 20 сантиметри. Тоа се случило и поради водата која термички се шири затоа што глечерите се топат. Дел од ова зголемување е последица на топењето на ледот од Гренланд и Антарктикот. Порастот на ниво на водата за еден метар значи потопување на една петина од територијата и раселување на дури 30 милиони жители.

Сепак научниците ги смируваат граѓаните. Тие сметаат дека иако со подигањето на нивото на водата ќе настанат значителни штети по светската популација и светот каков што го познаваме денес, сепак бреговите кои се поврзани со деловите од Земјината кора, кон кои гравитираат тектонските плочи Гренланд и Антартикот ќе се подигнат над нивото на водата во океаните.

Предвидувања

Во овој момент, науката смета дека ако ледот мине на северната хемисфера, тогаш Гренланд би можел да отскокне повеќе од просечното ниво на морето, како и делови од Северна Америка. Нивото на морето на почетокот би можел да се намали. Ако се случи спротивното, а ледот премине на јужната хемисфера, тогаш прво ќе се подигне јужната тектсонска плоча, поради што целиот источен брег од Северна Америка ќе се најде под вода.

 

Текстот Континенти ќе се најдат под вода ако дојде до целосно глобално затоплување е превземен од Reporter.mk.