Коронавирус како биолошко оружје во рацете на терористите

Теоретичарите на заговор сметаат дека пандемијата со „Ковид-19“ може да биде искористена од страна на насилни екстремисти, сè со цел да извршат напади врз Америка. Американските власти веќе испратија известување до своите правни службеници ширум земјата, кои ги предупредија на ваквите сценарија.

Во соопштенијата е наведено дека за таквите напади би можеле да бидат одговорни различни екстремистички организации како што е Исламската држава и супрематистите. Исламската држава во својот најнов билтен предупреди дека терористите се држат подалеку од Европа, додека трае заразата.

Оние кои се веќе во Европа, таа ги предупреди да останат таму каде што се, со цел да се спречи пренос на вирусот. Но, американските власти предупредија дека Исламската држава ги повика своите следбеници дека сега е време за напад на преоптерените здравствени системи во различни држави во Запад.

„Насилните екстремисти веројатно сакаат да го искористат стравот во јавноста поврзан со ширењето на „Ковид-19“ за да поттикнат насилство, да ги заплашат целите и да ја промовираат својата идеологија. Проценуваме дека овие напори ќе се интензивираат во наредните месеци“, е наведено во дописот кој го напишал американскиот Сектор за борба против тероризмот и Секторот за сузбивање на оружје за масовно уништување.

Алармот во САД е дигнат до тоа ниво што и обичните луѓе сега би можеле да се товарат за терористички напад, со само едно закашлување. Таков е случајот со Американецот Џорџ Фалкон (50) кој додека пазарел во продавница во Њу Џерзи, намерно се закашлал во продавачката. Ѝ се насмеал па ѝ рекол дека е позитивен на коронавирус.

Сега Џорџ се терети под обвинение за тероризам. Светот дефинитивно ќе се промени по пандемијата со коронавирусот, но дали едно обично кашлање треба да се сведе на ниво на терористички напад. Американците кои покрај тоа што ги испразниле полиците со тоалетна хартија и конзерви, ги испразнија и оние со оружје.

Продажбата пораснала за речиси 300% од почетокот на пандемијата. Ако некој кивне или се закашла повеќе не е сеедно дали е белец или има потекло од Азија, пишува Euractiv.hr. Американците од азиско потекло се соочуваат со расистичка дискриминација. Уште помалку помага во тоа и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој пандемијата ја нарече „кинески вирус“. На удар се и Евреите кои за одредени екстремистички групи, се новите виновници за коронавирусот. Оддеднаш властите објавуваат дополнително ширење на паника и страв за злосторот. Сè на сè Америка тргнува во борба против нов вид на тероризам, коронатероризам.

Ново биолошко оружје

Другиот дел на предупредување се однесува на белите супрематисти, кои во својот билтен заговараат насилство на низа други цели вклучително и критичните инфраструктури и верските малцински заедници, како и на Американците со потекло од Азија.

ФБИ веќе ги предупреди властите дека екстремистичките групи можат да ја искористат ситуацијата за да го шират новиот коронавирус, особено на полицијата и припадниците на еврејската вера, пренесува ABC News.

Овде предупредувањето особено ги издвојува суперматистите и расистичките групи кои ги повикаа своите членови да одат на места каде се собираат Евреите. До таков заклучок дошле откако било утврдено дека низ интернет се шират различни антисемитски теории на заговор кои ги обвниуваат Евреите за ширење на вирусот.

Тоа го шират на социјалните мрежи и внатре во својата заедница со дезинформации и идеи дека Евреите го создале коронавирусот. Наведено е и дека некои бели суперматисти, бараат од членовите кои се заразени со вирусот, да го прошират со помош на спреј и боци на пазарите низ светот.

Портпаролот на ФБИ изјави дека нивната канцеларија редовно споделува информации со локалните власти за да осигураат спроведување на законот и да помогнат во заштитата на заедницата.

Во вторникот, на 24. март, американското Министерство за правосудство објавило дека оние кои намерно го шират коронаворусот, ќе се теретет за тероризам. И судот ќе им суди според федералните закони, кои се однесуваат на тероризмот.

Бидејќи коронавирусот има законска дефиниција, биолошки агент“, таквите постапки можат да ги загрозат националните закони врзани за борба против тероризмот.

„Заканата или обидот за употреба на „Ковид-19“, како оружје против Американците, нема да се толерира“, објаснил заменик главниот обвинител Џефри Росен.

Како што се шири пандемијата, така се шири и измамата и криминалот. Во тоа се вклучени роботските повици кои даваат лажни понуди за продажба на заштитни маски без намера да ги испорачаат, лажни апликации поврзани за коронавирусот или веб страници кои еднаш отворени, инсталираат софтвер, вирус во вашиот компјутер.

Росен нагласи дека ниту собирањето на незаконски заработки со измама во текот на оваа криза нема да се толерира.

Пандемија на измамници

Предупредувањето на Росен доаѓа откако државниот правобранител Вилијам Бар изминатиот период им нареди на сојузните обвинители истрага и лов на измамниците и хакерите кои ја искористуваат пандемијата. Бар го цитирал извештајот за лажните лекови за лечење на коронавирусот кои ги продаваат лажни доктори и здравствени работници, преку интернет, социјалните мрежи или мејл.

 

 

„Пандемијата е доволно опасна и без оние кои сакаат да злоупотребуваат за сопствен профит, кои го развиваат поради јавната паника, а таквото однесување не може да се толерира“, објаснил Бар.

Министероството за правосудство има задача да го реши проблемот со магацините и поскапените цени поврзани со производите кои се потребни за борба против вирусот. Главниот државен обинител Бар изјавил за време на брифингот во Белата куќа, дека законски ќе се казнува поседувањето на залихи како маските.

Разни работи вклучуваа таа нова борба против коронатероризмот, а се чини дека сите Американци ќе бидат вклучени во неа. Сепак, за разлика од 11. септември, оружјето кое сега се употребува се чини дека ќе бидат информациите, лажните вести, кибернетичкиот свет, телепродажбата, мејловите и невидливиот вирус.

Но, невидливиот вирус е оној и во воздухот, но и оној во компјутерот.

 

 

Текстот Коронавирус како биолошко оружје во рацете на терористите е превземен од Reporter.mk.