Коронавирус е дело на познатите милијардери Бил Гејтс, Мајкл Блумберг и Пјер Омидјар, познат како новиот Сорос, сметаат некои теоретичари на заговор. Низ светот молскавично проструи наизглед неверојатна, но како се испостави и поткрепена со докази и сосема реална теорија, според која коронавирусот е дело на група милијардери.
Работите стануваат појасни ако се земе во предвид и шокантниот факт дека неколку месеци пред избивањето на епидемијата, била одржана симулација за да се види како ќе делува вирусот кој од лилјак се пренел на луѓето.
Теоретичарите сметаат дека и преку короната таканаречената длабока држава се обиде да го сруши Доналд Трамп и во годината на избори во САД да докаже дека американскиот претседател е неспособен.
Организаторите на овој наводен научен експеримен, зад кои очигледно се кријат многу мрачни цели, се глобалистичките организации, Институтот „Џон Хопкинс“, здравствениот форум на Блумберг и економскиот форум и фондација на Бил и Мелинда Гејтс.
Со Гејтс, кој во повеќе наврати изјави дека светската популација е преголема и дека е неминовно да биде десеткувана, во тоа друштво особено интересен е Пјер Омидјар, таканаречениот нов Сорос, основач и сопственик на интернет провајдер мрежата eBay, и платниот систем PayPal, чиј татко е токму професорот Џон Хопкинс од универзитетот во Балтимор.
Како и татко му, така и тој е тесно поврзан со организацијата која е позната како осведочен експонент на таканаречената длабока држава, чиј симбол со години се династијата Клинтонови.
На 18. октомври 2019 година во Њујорк е одржана симулација на пандемијата коронавирус. Организаторите тогаш навеле дека симулацијата е начин наодно да се дознае како од коронавирусот може да се заштитат можните жртви. Истиот ден, во Вухан се одржува CISM, меѓународни воени спортски средби. Меѓу натпреварувачите има и американски војници.
Некако истовремено, со полна пареа почнува реализацијата на стратешкиот трговски договор меѓу Италија и Кина. Италија станува главна европска земја на кинескиот пат на свилата. Коронавирусот се појавува меѓу кинеската популација во декември 2019 година. Премногу се за работите да бидат случајни сметаат теоретичарите на заговор.
Социологот доктор Слободан Релјиќ објаснува дека кинескиот „пат на свилата“, во основа е главна причина за биолошката војка која Американците ја водат против таа земја.
„Тоа е економски вид на конфликт кој и понатаму се пренесува на различни нивоа, па прераснува во биолошка војна. На крајот на декември, кога се појавува вирусот во Вухан, тој го добива истото име како оној на кој е работена симулацијата во САД и тоа е само дел од она што се случувало пред да е направена оваа голема операција со за сега неизвесни последици“, вели Релјиќ, кој додава дека симулацијата е направена на претпоставени 65 милиони мртви во светот.
Експертот за безбедност Мирослав Бјеговиќ додава дека не е случајно тоа што Италија по Кина, најмногу настрадала, затоа што вирусот експлодира по договорот кој го направиле со Кина.
„Се поставува прашање, дали коронавирусот е средство или проект со кој се управува и преку кој се сака да се остварат одредени сакнции за непослушните, а на крајот да се извлече одредена смислена добивка“, вели Бјеговиќ.
Потполковникот во пензија Љубан Каран додава дека и пред оваа епидемија се смета дека биолошкото оружје е најопасно.
„Поопасно е и од хемиското и нуклеарното. Никој нормален не помислува да го употреби затоа што никој не е сигурен дека ширењето на заразата може да ја спречи на своите граници. Но, стравот од кинеската економска експанзија може да поттикне некои стратегии на хибридни напади и на експериментални налудничави потези“, вели Каран.
Текстот Коронавирусот е дело на милијардерите Бил Гејтс, Блумберг и новиот Сорос, Пјер Омидјар е превземен од Reporter.mk.