Според некои теореричари на заговор, коронавирусот, кој го нападна за кратко време целиот свет, е спој на два претходни постоечки вируса кои го нападнаа човекот. Станува збор за близок вирус на коронавирусот, RaTG13 настанат од слепите лилјаци и вториот вирус настанат од панголин вирусот.
Во период од неколку недели научивме дека Ковид-9 и вирусот кој го предизвикува SARS-CoV-2. Но, имаше и голем број шпеклуации и разни теории на заговор.
И додека бројот на научни текстови за овој вирус се зголемува, сè уште постојат голем број недоумици во врска со неговото потекло. Во кој животински видови се појавил? Лилјак, панголин или некој друг вид? Од каде доаѓа? Од пештера, или шума во кинеската провинција Хубеи, или од некое друго место?
Во декември 2019 година 27 од првите 41 хоспитализирани лица (66%) минаа низ пазарот кој се наоѓа во срцето на градот Вухан во провинцијата Хубеи. Но, според студијата спроведена во болницата Вухан, првиот идентификуван човек кој заболел од короната не одел често на ова место.
Молекуларното датирање засновано на секвенците на генот SARS-CoV-2 укажува на негово потекло во ноември. Ова го отвора прашањето на врската меѓу епидемијата Ковид-19 и дивите животни.
Кинеските истражувачи брзо со сквенцирале генот SARS-CoV-2 и утврдиле дека тоа е молекула RNA од околу 30.000 бази кои содржат 15 гени, вклучувајќи го и S генот, кој кодира протеин или се наоѓа на површината на вирусната мембрана.
Споредените анализи на гените покажуваат дека SARS-CoV-2 припаѓа на групата бетакоронавирус и дека е многу блиску со SARS-CoV, одговорен за епидемијата на акутното воспаление на белите дробови, која се појавила во ноември 2002 година во кинеската провинција Гуангдонг, а потоа се проширила на 29 земји во 2003 година.
Тогаш се забележани 8098 случаи, вклучувајќи и 774 смртни случаи. Познато е дека лилјаците од родот Rhinolophus биле резервоар на овој вирус и дека малиот месојад palm civet (Paradoxurus hermaphroditus), можел да послужи како посреден преносител на коронавирусот од лилјаците на човекот.
Од тогаш се откриени голем број на бетакоронавируси, главно кај лилјаците, но и кај луѓето. На пример, RaTG13, е предизвикан лилјаците од видот Rhinolopus affinis од кинеската провинција Јунан, неодамна опишан и како многу сличен на SARS-CoV-2, со генетска секвенција идентична 96%.
Овие резултати покажуваат дека лилјаците, особено од видот Rhinolophus, се резервоар на вирусот SARS-CoV и SARS-CoV-2.
Но, како да се дефинира резервоарот?
Резервоарот е една од повеќето животински видови кои не се чувствителни или барем не се целосно чувствителни на вирусот. Отсуството на симптоми на болеста ја објаснува ефикасноста на нивниот имунолошки систем, што им овозможува да се борат против преголемата пролиферација на вирусот.
На 7 февруари 2020 година е дознаено дека во панголин е откриен вирус уште поблизок до SARS-CoV-2. Со 99% усогласености во генот, ваквите наводи само покажуваат дека ова животно претходело на резервоарот на вирусот, а не дека тоа се лилјаците.
Но, неодамна истражувањето покажува дека генот на коронавирусот изолиран од малезискиот панголин е помалку сличен на SARS-CoV-2, со само 90% од геномските усогласености. Ова укажува дека вирусот изолиран во панголинот не е одговорен за епидемијата Ковид-19, која во моментов беснее низ светот.
Но, коронавирусот изолиран од панголинот е сличен кај 99% од специфичниот протеин S, што одговара кај 74 аминокиселини, вклучени во доменот на ACE рецепторите, кои овозможуваат вирусот да влезе во човечките клетки и да ги инфицира.
Спротивно на тоа, вирусот RaTG13 изолиран од лилјаците се разликува од оваа специфична група. Има само 77% сличност). Тоа значи дека коронавирусот изолиран од панглинот може да влезе во човечката клетка, додека оној изолираниот од кај лилјацните не може.
Покрај тоа, ова геномска споредба сугерира дека вирусот SARS-CoV-2 е резултат на рекомбинација меѓу два различни вируси, еден близок до RaTG13, а вториот кој е близок до панголин вирусот.
Со други зборови, тоа е комбинација на два претходни постоечки вируси. Овој механизам на рекомбинација веќе е опишан кај коронавирусот, особено поради објаснувањето на потеклото на SARS-CoV. Важно е да се знае дека рекомбинацијата резултира со нов вирус, кој потенцијално може да го зарази целата светска популација.
За да дојде до рекомбинација на двата различни вируса, тие морат истовремено да се инфицираат во истиот организам. Засега две прашања остануваат без одговор. Во кој организам рекомбинацијата се случила? И најважното, под какви услови таквата рекомбинација се случила?
Текстот Коронавирусот е спој на два вируси од лилјак и панголин, сметаат теоретичарите е превземен од Reporter.mk.