Коронавирусот го одложи лансирањето на 5Г-мрежата

Мобилните оператори, експерти и аналитичари предупредуваат дека би можело да дојде до одложување на лансирањето на 5Г-мрежата, како резултат на епидемијата предизвикана од корноавирусот, пренесува theverge.

Ова предупредување доаѓа по објавата на тримесечната заработка на големите компании кои ќе учествуваат во имплементација на 5Г-мрежата.

Засега е познато дека пошироката слика ќе се види по финансискиот извештај во јуни. Тоа што аналитичарите исто така го оценуваат како позитивна состојба, е дека развојот на 5Г-мрежата во САД, е побрз и во подобра состојба во однос на Европа.

Дека ќе дојде до забавување на имплементацијата на 5Г-мрежата, предупредија и од киниската компанија „Хуавеј“, која работи на изградба на оваа мрежа во Велика Британија, но и во други европски земји, пишува порталот theverge. Ова уште во март беше објавено дека ќе биде проблем, но дури сега се гледа во колкави размери.

Примената на 5Г-технологијата ќе биде одложена во Португалија, Австрија, Шпанија, Франција и Чешка, пренесува PC pres. И други светски компании укажуваат на тоа дека ќе дојде до одложување на инсталацијата.

„Самсунг“, објави дека ќе се намалат финансиските вложувања во оваа инфраструктура поради глобалната епидемија. „Ериксон“ и „Нокиа“, два, од трите најголеми провајдери, исто така предупредуваат на застој.

Тие сметаат дека владите на државите треба да превземат мерки поради кои тие нема да бидат во можност да продолжат со планираниот ритам на физичка имплементација на 5Г-мрежата. Кина претставува спротивност од наведените примери, затоа што во оваа земја 5Г-мрежата агресивно се развива.

Државата и приватниот сектор во оваа земја работат интезивно на инсталација на оваа мрежа.

Извор/theverge

Текстот Коронавирусот го одложи лансирањето на 5Г-мрежата е превземен од Reporter.mk.