За известувачките разузнавчки агенции во САД, пандемијата со коронавирусот и начинот на кој властите се справуваат со истата претставува поголем неуспех, од најголемите терористички напади во 2001 година врз кулите близначки на 11 септември.
Според нив сите за опасноста од пандемијата знаеле со месеци пред да се случи истата, но игнорирањето на истата и не поднесувањето на одговорност, ја ставила Америка во позиција во која во моментов се наоѓа.
Мицах Зенко за „Форин Полиси“, вели дека минатиот септември имал средба со потпретседателот за ризик во една од компаниите Fortune 100 во Вашингтон, а кој претходно имал долга кариера на известувачки аналитичар.
„Високо заразен вирус кој ќе почне некаде во Кина и брзо ќе се прошири“, му одговорил аналитичарот на прашањето што е тоа што најмногу го мачи.
Потпретседателот чија компанија има канцеларија во југоисточна Азија, подоцна ги објаснил превентивните чекори кои биле превземени за да се ублажат последиците од потенцијалната закана за компанијата.
Додека во извештајот на комисијата за 11 септември за нападите на Ал Каеда, вината се сведува на администрацијата на сите претседатели, од Роналд Реган до Џорџ Буш, за кризата со коронавирусот, денес воглавно одговорна е само Белата куќа.
Поглавјето од 8-те извештаи од Комисијата за 11. Септември, носи наслов „Системот стана црвено предупредување“, продолжува Зенко. Цитатот доаѓа од поранешниот директор на ЦИА, Џорџ Тенет, кој го опишал летото 2001 година, кога повеќе извештаи од известувачките куќи, укажувале на терористички напади од воздух, внатре на територијата на САД.
И покрај предупредувањата и силните обиди на некои официјални лица за борба против тероризмот, Комисијата од 11. септември заклучила дека постојат мал број докази дека заплетот би бил забележан од било која владина акција. Времето истекло за акција, е наведено во извештајот.
Минатата недела, „Вашингтон пост“ извести за низата предупредувања кои известувачката заедница и ги претставила на Белата куќа во јануари и февруари. Овие предупредувања имале малку влијанија на високите официјални лица во администрацијата, на која несомнено влијаел постојаниот потсмев против вирусот на Трамп.
Претседателот на САД на 22 јануари изјави дека ја има ситуацијата под контрола и дека се работи само за една личност која доаѓа од Кина. Сè ќе биде во ред, кажа тогаш Трамп.
Досега се регистрирани три болни очигледни забележувања во стилот на Трамп, раководења, кои можат да го објаснат влошувањето на пандемијата на коронавирусот, со која Американците се соочуваат, вели Зенко.
Прво, факт е дека кога еднаш ќе се верува во нешто, колку и да е лошо замислено, или неточно, постојано се држи до тој впечаток или пресуда. Лидерите се необично горди и самоуверени, а факт е дека повеќето од нив дошле на тие исткнати и моќно позиции поради своите вродени мудрости.
Но, мудрите лидери непрекинато бараат повратни информации и критики, тие се активно отворени на нови мислења и способни се да го променат своето мислење. Судејќи според сето горе кажано, на Трамп му недостигаат овие важни карактеристики, пишува Зенко.
Второ, мислењето на Трамп е заразано, влијае на мислењето и однесувањето на речиси секој службеник или советник кој ќе дојде во контакт со оригиналното. Не е за изненадување тоа што претседателот е опкружен со луѓе кои изгледаат, размислуваат и се однесуваат исто како и него.
Сепак, неговите неточни и озлогласени коментари имаат исклучителна способност да ги рециклираат некогаш чесните воени, известувачки и деловни лидери. А, ако некој доследно, не го повтори тоа што претседателот го кажал, тој или таа ќе добие отказ или вест дека неговото разрешување е неминовно.
Неодамна почнаа да се објавуваат вести за нетрпението на Трамп кој го имал со незаменливиот Ентони Фаучи директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести.
И трето, продолжува Зенко, лошите пресуди брзо го контаминираат целото оружје на сојузната влада и креирањето на политика, без речиси никаков отпор или дури и разумен надзор. Обично сојузните агенции ги водат оние официјални лица за кои Белата куќа верува дека се најдоброто место за спроведувањето на политиката.
Тие официјални лица обично уживаат одреден степен на независност, но, не под Трамп. Дури и историски нестранските раководителни места во националната безбедност и известувачката заедница, ги пополнуваат луѓе кои се идеолошки согласни со Белата куќа, но не се одбрани поради искуството или експертизата потребна за рационално решавање на проблемите кои се потребни за да се оствари кариера.
Првобитната погрешна претпоставка или изјава на Трамп прелива сè во секојдневното спроведување на политиките, смета Зенко. Горе наведениот извештај на „Вашингтон Пост“ исто така содржи запрепастувачка изјава на анонимно американско официјално лице.
„Доналд Трамп можеби тоа не го очекувал, но многу други во владата тоа го очекувале. Едноставно не можеле да го натераат да направи било што. Светлото на системот трепкало црвено. Оваа реченица јасно упатува на горенаведениот налог на Комисијата за 11. септември“, пишува Зенко.
Со оглед на тоа дека Трамп веднаш заклучил дека коронавирусот едноставно не може да претставува закана за САД, можеби нема да постои ништо што известувачките заедници, медицинските експерти со своите епидемиолошки проценки или службениците од јавното здравје, можеле да кажат во Белата куќа, за да му го сменат мислењето.
Поранешниот советник за национална безбедност Хенри Кисинџер наводно по едно предупредување на известувачките заедници кажал. „Ме предупреди, но не ме увери“. Трамп, од друга страна верува во своите спротивни ставови од оние кои се точни.
Оттуѓеноста и несогласноста во Белата куќа во раните фази на епидемијата на коронавирусот, беше една од најскапите одлуки во историјата на модерното претседателствување. Официјалните лица добија ран напредок на предупредување и предлози за клучни одлуки, доволно рано за да подобро ја подготват земјата.
Но, начинот на кој тоа тие го отфрлија и ги сметааа за непотребни ваквите предвидувања и драгоцено време никогаш не смее да се заборави, ниту причината зошто тоа го направија. Трамп не беше во право, па неговиот внатрешен круг одамна реторички ги промовираше своите грешки и отиде предалеку во неадекватната политика, која трае до ден денес. Американците оваа цена ќе ја плаќаат со децении, заклучува Зенко за „Форин Полиси“.
Текстот Коронавирусот поголем неуспех отколку 11 септември, сите во САД знаеле, но ги игнорирале предупредувањата со месеци е превземен од Reporter.mk.