Корупцијата и лагите настануваат кога луѓето работат во групи

Луѓето во групи се повеќе склони да лажат и да бидат корумпирани, за разлика од поединците. Ова го тврдат научници од универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен, Германија.

Според порталот ScienceDaily.com, научниците дошле до ваков заклучок откако спровеле експеримент во кој утврдиле дека непочитувањето зависи од тоа дали се работи за поединечно или колективно одлучување.

Предводникот на истражувањето, Мартин Г. Кочер, основал тим кој регрутирал 273 студенти за своите истражувања. Учесниците морале да го гледаат видеото поединечно или во групи, а потоа требало да ги известат Кочер и неговите колеги за конечниот резултат.

Тие избирале број што го пријавувале откако ќе ги изгледале видеата. Бројот влијаел на нивната награда. Учесниците можеле без оглед на изборот да изберат реален број или, пак, број што би им овозможил на крајот подобра награда.

Учесниците кои ги гледале видеата во групи можеле анонимно да разговараат меѓу себе преку групен разговор пред да го дадат својот одговор на истражувачите. Немало казни за неточните резултати.

Истражувачите откриле дека групите често пријавувале лажни резултати, дури и ако членовите на таа група во претходните рани фази на експериментот одговориле искрено.

Од 78 групи во истражувањето, 51% или речиси 40 групи експлицитно ги споменуваат аргументите за непочитување во нивните групни разговори. Во 43,4 % од тие разговори, учесниците се обиделе да одговорат неточно, а 15,6% од нив биле праведни и точни во одговорот.

„Нашите резултати се јасни: Веројатно е дека луѓето помалку лажат ако се ставени во позиција да одлучуваат сами“, изјавил Кочер.

Ко-авторот на студијата Лиса Спантин додала:

„Повратните информации се одлучувачки фактор. Давањето лажни одговори се случува кога некои од членовите на групата имаат корист од таквиот одговор или, пак, истите се во неповолна положба поради лагите на некој од другите членови“.

За тоа дали луѓето ќе бидат правични или неправични, самата група или општество во целина има огромно влијание. Истражување во 2016 година што го спровеле истражувачи од Универзитетот во Нотингем го утврдиле следното:

„Повеќе од веројатно е дека луѓето кои доаѓаат од корумпирани општества ќе бидат неправедни, за разлика од оние луѓе кои доаѓаат од општества кои акцентот го ставаат на праведноста“.

За нивната студија, истражувачите спровеле петгодишен експеримент со помош на 2568 студенти од 23 земји со различно ниво на корупција. Во експериментот секој учесник седел во изолирана кабина и фрлал коцка двапати. На учесниците им било кажано дека ќе добиваат паричен надомест на темел на бројот што го добиле од фрлените коцки.

Учесниците од секоја земја покажале мала неправедност, иако резултатите варирале во однос на нивото на корупцијата во нивните земји. Но, утврдено е дека ниту еден народ не бил чисто искрен или неискрен.

„Овие резултати ни даваат голема слика за универзалноста и различноста на карактерите. Луѓето сакаат да бидат искрени секаде. Но, кај нив се јавува неправедност во дејствувањето како резултат на нивото на праведност или неправедност во нивните општества и опкружувања“, вели водителот на истражувањето, Симон Гаечтер. Колкава количина лаги се смета за прифатлива? Ако живееме во општество каде што сите ги кршат правилата цело време, тогаш повеќе од веројатно е дека ќе мислите дека тоа е в ред да се прави. Што друго да се каже освен дека чесните се најдоа на листата на заштитен вид, особено на Балканот“, вели Симон.

 

 

 

 

 

Текстот Корупцијата и лагите настануваат кога луѓето работат во групи е превземен од Reporter.mk.