Неодамнешното апсење на милијардерот Џефри Епстајн (66) на аеродром во Њујорк, поради трговија со малолетнички, го запали алармот во ФБИ, кој има желба да го истражи случајот и да го испраша средниот син на кралицата Елизабета II, принцот Ендру, кој е добар пријател со Американецот.
Од американското истражното биро сметаат дека Епстајн му испраќал фотографии од девојчиња на принцот, а ваквиот скандал, како што пишуваат британските медиуми, ја потресол цела Бакингемска палата.
Според пишувањата на магазинот Глоуб“, ФБИ сака да го истражи целосно случајот и да ги испраша сите инволвирани во истиот. Досега со Епстајн ги поврзаа познатите личности меѓу кои Бил Клинтон, Доналд Трамп, Вуди Ален и многу други.
Британскиот магазин, повикувајќи се на анонимни извори, пренесува дека Бакингемската палата е во опсадна состојба.
„Кралицата Елизабета е бесна. Таа се плаши дека овој скандал може жестоко да ѝ наштети на монархијата. Поради тоа размислува својот син да го исфрли од кралското семејство и да му ги скрати правата и да го лиши од обврските“, изјавил извор близок до кралското семејство.
Џефри Епстин, во 2007 година веќе бил осудуван поради слични прекршоци, а милијардерот сега е задржан во притвор и му се заканува 45-годишна казна затвор. ФБИ верува дека Епстајн испратил најмалку една од своите жртви на војводата од Јорк поради секс и тоа во повеќе наврати.
Случајот се верува дека настанал во 2001 година, а станува збор за девојката Вирџинија Робертс Џуфри (35), која тогаш имала само 15 години. Робертс од Епстајн барала оштета во цивилна парница во 2015 година, но тој случај бил затворен. Сега ФБИ повторно го отвора.
Министерството за правда на САД покренала внатрешна истрага, за да утврди дали во случајот со Џефри Епстајнод 2007 година, кога тој бил осуден на само 13 месеци затвор, бил направен некаков пропуст.
Адвокатот спекптичен – нема да реагира!
Германскиот весник „Билд“ стапил во контакт со адвокатот Дејвид Бојс, кој ја застапува Вирџинија Роберс Џуфри и кој се соменва дека правадата била задоволена.
„Иако ФБИ сака да го испраша прицот Ендру, тој нема да се појави на испрашувањето. Тие не можат едноставно да одат во палатата и да го приведат. Списокот на жртви на Џефри Епстајн не е завршен и меѓу нив сигурно има уште од оние кои биле приморани на секс со принцот Ендру.
Оставка во Белата куќа
Александер Акоста, министерот за работа на САД, поднесе оставка кога Џефри Епстин неодамна беше уапсен. Акоста бил федерален обвинител кога Епстајн во 2007 година бил осуден на 13 месеци затвор. Интересно е дека тој по излегувањето од робија, во куќата во Њујорк направил раскошна забава која траела три дена, а чиј гостин бил принцот Ендру.
По забавата, принцот го изгубил статусот на специјален пратеник за економски прашања.
Текстот Кралицата го исфрла принцот од палатата, ФБИ го поврза синот на Елизабета со педофилот Епстајн е превземен од Reporter.mk.