Лајковите на „Фејсбук“ не го подобруваат расположението, а поттикнуваат депресија

Истражувачкиот тим од Универзитетот McCill University School of Computer Science по направено истражување открил дека паметните телефони денес не се лек за победа на депресијата кај младите.

Напротив колку повеќе младите минуваат на паметните телефони или се активни на социјалните мрежи, толку повеќе депресијата се зголемува кај нив. Денес нема дете, тинејџер или млада личност, која не е занесена во својот паметен телефон. Тие го поминуваат времето на телефоните речиси во текот на целиот ден. Без разлика дали се наоѓаат во школо или дома, покажува истражувањето.

Денешните деца, не можат да уживаат во природните активности на вообичаен начин како порано. Тие мора да пишуваат на мобилните за своите активности, во истиот момент додека се случуваат. Непрекинато се фотографираат и сликите ги објавуваат на социјалните мрежи, а потоа ги читаат реакциите. Не може да мине време а да не проверат повеќе пати да видат дали некои луѓе им ги лајкнал или на некој начин реагирал на нивните постови.

Анкетите и истражувањата говорат дека ваквите аквиности воопшто не допринесуваат за доброто и подигнување на нивото на среќа кај младите, туку напротив. Добивањето на лајкови на Фејсбук дури не го подобрува расположението кај луѓето кога се депресивни или осамени.

Денеска игрите од минатото како што се Рубиковата коцка, „Пакман“ или „My Space“ наидуваат на потсмев и чудење кај младите, без разлика на тоа ако им кажете дека може и на тој начин да се забавуваат. Доколку им кажете дека на тој начин можат да стекнат и нови пријатели, можно е никогаш повеќе да не разговараат со вас.

Во новиот социјален свет владеат лажните вести, лажните пријатели и страшното шпионирање од страна на американските влади.

Фејсбук е хир за лажни пријатели, а новата студија која е претставена на конференција на едно британското психолошко друштво на 3 мај во 2017 година, открива дека лајковите на социјалните мрежи се бескорисни.

Доктор Мартин Граф од Универзитетот на Јужен Велс, регрутирал преку 300 учесници од Твитер и Фејсбук кои пополниле прашалници за тоа како и колку луѓето се чувствуваат ценети на социјалните мрежи.

„Дали вниманието кое го добиваат од социјалните мрежи може да влијае на вашето лошо расположение? Дали навистина сметате дека некој е популарен на темел на бројот на лајкови кои ги добива? Ја менувате ли често профилната слика затоа што на истата не сте добиле премногу лајкови?“, биле дел од прашањата.

Одговорите биле шокирачки. Учесниците изјавиле дека луѓето кои се стремат кон тоа да добијат што повеќе лајкови, дури и плаќаат за нив, се оние на кои не можете да се потпрете во животот, или тие се соочуваат со ниска самопочит. Волонтерите исто така изјавиле дека добивањето на многу лајкови не може да ве излечат од депресијата.

Така лажните ликови на Фејсбук не покажуваат ништо, а некои луѓе за кои сметаат дека се супер популарни, можат да бидат најголемите самци на планетава Земја.

Истражувачкиот тим од Универзитетот McCill University School of Computer Science објави истражувачки труд кој буквално покажува како некој може да создаде лажни лајкови на Фејсбук без да плаќа за истите. Фејсбук е предупреден за тоа пред неколку години, но проблемот и понатаму останал нерешен.

 

 

 

Текстот Лајковите на „Фејсбук“ не го подобруваат расположението, а поттикнуваат депресија е превземен од Reporter.mk.