Норвежанецот Ханс Аспенберг објавил снимка на која се гледа како луѓето додека лизгаат по леденото езеро Фемсјен во Норвешка, се слушаат магични звуци. Велат како ледот да им пее.
Необичните фреквенции како овие, често се случуваат поради промените на температурата во ледот. Со оглед на тоа дека лизгањето на така тенок лед е многу опасно, неопходно е големо внимание и планирана акција.
Факторите како температурата и атмосферските услови мораат да се земат во прдвид пред да се зачекори на ледот, објаснуваат од „Национална географија“.
Поради безбедноста, лизгачите обично лизгаат во групи по езерото, за да не се случи да пропаднат во ледената вода.
Текстот Ледено езеро во Норвешка испушта мистериозни звуци е превземен од Reporter.mk.