Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, го обвини холивудскиот глумец дека плаќал за да се палат шумите во Амазонија во Бразил. Болсонаро немал докази за ваквото тврдење, кое глумецот го отфрлил како лага.
„Овој Леонардо ди Каприо е баш кул лик, зар не? Дава пари за палење на Амазон. Тоа што го прави е лесно. Невладините организации ќе ги запалат шумите, па се сликаат, ќе направат видео и ќе почнат кампања против Бразил. Ќе му се јават на Ди Каприо и тој ќе им даде 500.000 долари. Ди Каприо и ти го поттикнуваш палењето на Амазон“, порача Болсонаро, познат по шокантните изјави во кои ги навредува познати политичари и ѕвезди.
Последна во низата навреди која Болсонаро ја испрати на позната светска фигура е претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит.
Текстот Леонардо ди Каприо платил за да се палат шумите во Амазонија е превземен од Reporter.mk.