Јелена Скрипаљ, мајката на поранешниот двоен агент Сергеј, кој се изгуби во јавноста по инцидентот во Солсбери, побарала од руската полиција нејзиниот син и внука Јулија, да бидат прогласени за исчезнати лица.
Ова го вели нејзината внука, Викторија. Таа за агенцијата TASS, изјавила дека последен пат разговарала по телефон со Јулија на 24 јули 2018 година. Таа вели дека јулија не ѝ кажала кога ќе се врати во Русија.
Портпаролот на руската амбасада во Лондон, претходно ги коментирал пишувањата на медиумите за нарушеното здравје на Скрипаљ, кој бил и руски и британски државјанин, соопштиле од амбасадата и ја изразиле загриженоста за неговата судбина.
„За жал британските официјални лица не ја известиле амбасадата за здравствената состојба на Скрипаљ, кој во моментов е во изолација. Немаме претстава што се случува со нив двајцата. Имаше повеќе барања кои ги испративме до надлежните служби во Британија, но останаме без одговор“, изјавил портпаролот.
Британски „Сандеј тајмс“, пренел дека на основа на податоците добиени од добро известувачки извори, состојбата на Скрипаљ е влошена и дека примал терапија во домашни услови.
Минатиот март Сергеј и Јулија Скрипаљ биле пронајдени во парк во Солсбери и било утврдено дека биле отруени со нервниот гас новичок, за што Велика Британија ја обвини Русија.
Текстот Мајката на Сергеј Скрипаљ бара од полицијата да го прогласи синот за исчезнат е превземен од Reporter.mk.