Мајкл Џексон го предвидел коронавирусот

Некогашниот член на обезбедувањето на Мајкл Џексон, Мет Фидес, откри дека кралот на поп-музиката своевремено носел заштитна маска и ракавици додека беше жив, затоа што се плашел од ширење на вирус кој е опасен по човечкиот организам.

Мајкл имал маски во изобилие и во различни облици, а во еден период ги носел секојдневно, затоа што не знаел со кого ќе се сретне и дали евентуално можел да му пренесе нешто. Оваа искрена исповед ја потресе јавноста, затоа што токму тоа се случува со короната денес.

„Мајкл знаеше дека секогаш некаде низ светот може да се случи природна катастрофа. Беше свесен и секогаш говореше дека може да бидеме избришани од лицето на земјата. Ќе ми кажеше дека не смее да се разболи и да ги изневери фановите. Концертите доаѓаа, а на оваа планета тој дошол со некаква причина. Ми велеше и дека не смее да си дозволи да го оштети гласот и дека мора да остане здрав, затоа што не знаеше со кого може да се сретне во текот на денот и што може да му пренесе“, изјавил Фидес.

Фидес вели дека Џексон бил интелегентен човек и денес сигурно би бил тажен што никој не го слушал и не ги сваќал маските сериозно, објаснува Фидес.

На службениот профил на покојниот пејач, се појави фотографија на која тој носи црна маска и шешир, минувајќи низ големиот број на обожаватели.

„Бидете паметни и безбедни“, беше напишано под фотографијата, а некои ова многу брзо го протолкуваа како знак дека Џексон ја предвидел пандемијата.

 

Текстот Мајкл Џексон го предвидел коронавирусот е превземен од Reporter.mk.