Манекенка починала пред да падне од 20 кат, полицијата го затворила случајот за да спаси богат пар

Холандската манекенка Ивана Смит (18) чие безживотно тело било пронајдено по една свингерска забава во Куала Лумпур, била мртва пред падот од балкон од 20 кат, стои во новиот извештај по направената обдукција на телото.

Ивана починала на крајот на 2017 година, околу 10 часот утрото, а телото било пронајдено дури по 15 часот попладнето. Во нејзиното тело биле откриени траги на кокаин, екстази и алкохол, а на себе немала ништо, ниту чевли ниту долен дел од облеката.

 

View this post on Instagram

 

The world is a jungle, you either fight or run forever. Credits to my man @lukaskramer_ 😏🙈

A post shared by Ivana Smit (@ivana_smit) on

Траги на борба на телото

На 7 декември 2017 година, Ивана Смит била пронајдена гола на платото на солитерот во луксузниот кварт во Куала Лумпур. Во 5 часот и 22 минути, Ивана во еден ноќен клуб, била снимена во друштво на американскиот тајкун Александер Амад Џонсон (45) и неговата сопруга Луна Алмаз (31).

Ивана била речиси во несвесна состојба, а двојката буквално ја изнеле од ноќниот клуб. Два часа подоцна, Ивана на своето момче му испратила селфи заедно со Луна и порака дека ќе се одмори.

„Мислевме само да ја прошетаме до нашиот стан“, им кажале Амад и Луна на истражителите кои го воделе случајот.

Јавноста и тамошните медиуми сега се изненадени од фактот дека на Амад и Луна не им било чудно тоа што во нивниот стан Ивана ги оставила целата своја облека и лични работи. Медимите пишуваат дека најлошо во целата оваа работа е што ниту на малезиската полиција не им било чудно, па многу брзо го затвориле случајот.

За несреќа на богатата брачна двојка, од Ивана Смит не се откажале холандските истражители, кои веднаш по направената обдукција, откриле дупка во целата оваа приказна.

 

View this post on Instagram

 

Sunshine mixed with a little hurricane. Throwback to last weeks event wearing @only_official. #launch #model #cangkat @rmzairi

A post shared by Ivana Smit (@ivana_smit) on

Американскиот бизнисмен и неговата сопруга во чиј дом била пронајдена мртвата холандска манекенка признале дека имале секс во тројка со Ивана, неколку часа пред нејзината смрт.

 

View this post on Instagram

 

Havana💋 #sundayvibes #chill

A post shared by Ivana Smit (@ivana_smit) on

Текстот Манекенка починала пред да падне од 20 кат, полицијата го затворила случајот за да спаси богат пар е превземен од Reporter.mk.