Цртаниот филм за девојчето Маша и мечката кој го гледаат милиони деца во Велика Британија е обвинет дека е алатка за „мека пропаганда“ на Кремљ. „Маша и мечката“ на англиски јазик има повеќе од 4,18 милиони претплатници на Јутјуб, а на различни јазици анимираната серија има преку 40 милијарди прегледи на 13 канали.
Децата уживаат во авантурите на девојчето и нејзиниот нежен заштитник. Сепак, критичарите во соседните држави на Русија тврдат дека серијата е дел од пропагандата на Москва, пишува „The Times“.
Минатата година, најтиражниот весник во Финска пренесе мислење на професор на Универзитетот за комуникации во Талин, кој тврдел дека дека мечката ја симболизира Русија и дека е така дизајнирана да остави позитивна слика за Русија во детските умови. Професорот Ентони, вели дека Маша е многу харбра, , борбена и не се плаши , дека без проблем му се спротиставува на некој што е поголем од неа . И со ова Москва, сака многу да каже, тврди професорот.
Текстот Маша и медо се пропаганда на Путин, тврдат критичарите е превземен од Reporter.mk.