Месечината која е тема на речиси сите водечки научници и уфолози, повторно се најде во центарот на вниманието, откако на нејзиниот северен дел се забележани чудни појави.
За време на последната мисија на истражувачите од Европската вселенска агенција, снимени се голем број на фотографии од речиси сите можни агли.
Целта на истражувањето било да се направат фотографии кои ќе ја покажуваат секоја карактеристика на половите на земјиниот сателит.
Од Европската вселенска агенција тврдат дека најголемите предизвици во создавањето на овие Месечеви фото мозаици, биле променливите услови на осветлувањето. Истражвачите откриле дека некои делови од северниот пол останале во сенка, без разлика од аголот од каде биле фотографирани или насоката на сончевата светлина.
Фотографиите направени од северниот пол на Месечината, кои ги имало преку 32.000, веќе две години покажуваат феномени кои би можеле да се наречат „сенки“, а кои воопшто не би смееле да бидат таму. Од Европската вселенска агенција велат дека станува збор за неверојатно длабоки шуплини, каде светлината никогаш не допрела.
Уфолозите од друга страна сметаат дека овие мистериозни подрачја, кои постојано се темни, всушност претставуваат тајни бази на вонземјаните на Месечината и дека земјиниот стателит всушност е една голема шуплива база.
Текстот Месечината е база на вонземјани, тврдат уфолози е превземен од Reporter.mk.