Метеоролозите предупредуваат на загрижувачка зима во 2019 година

Метеоролозите од Хидрометеоролошкиот завод во Србија објавија загрижувачки вести за тоа што нè очекува зимата во 2019 година. Од таму велат дека се подготвува глобален климатски феномен.

Метеоролозите велат дека ваквиот феномен би можел да влијае на временските прилики ширум планетата, па дури и во Србија и остатокот од Европа.

Метеоролозите велат дека е сè поизвесно дека во Пацификот и оваа зима ќе се појави Ел Нино. Последен пат тоа се случило во текот на зимата 2015/2016 година и силно се одразил на климата во светот.

Шансата тоа да се повтори сега изнесува околу 70%, велат од Светската метеоролошка организација.

Што е Ел Нино и како тој ќе влијае на временската прогноза за зимата 2019?

Називот на шпански јазик значи мало момче и се однесува на малиот Исус, поради тоа што феноменот е најчест за време на Божиќ. Во пракса, ваквата појава претставува невообичаено високи температурни флуктации на површината на Источниот Пацифик, кои влијаат на временските прилики во многу држави околу Пацификот, но и ширум светот. Ел Нино има особено големо влијание во Северна Америка, но неговите последици се чувствуваат и во Европа.

По правило, зимата за време на која се јавува Ел Нино носи екстремни временски прилики во Европа. Така временската прогноза за зимата 2018/2019 година би можела да биде загрижувачка.

Се смета дека Ел Нино ги зголемува шансите за екстремен студ и сува зима на северот од Европа, додека за југот на Европа постојат две сценарија.

Првото е блага зима со повисоки температури од просекот, но и со многу дождови. Таква беше зимата во 2016 година. Другата можност е зимата и на југот на Европа да биде студена, сува и многу долга.

Научниците сепак се согласуваат дека Ел Нино укажува на тоа дека зимата 2019 година ќе биде сè само не нормална. Исто така, по зимата со Ел Нино,  следната зима речиси секогаш е топла, па летото 2020 година би можело да биде натпросечно топло.

Научниците сепак се загрижени. Досега се сметало дека Ел Нино нормално се случува на секои 5 до 7 години. Но неговото повторување по само три години укажува на силно влијание на климатските промени на временските прилики.

 

 

Текстот Метеоролозите предупредуваат на загрижувачка зима во 2019 година е превземен од Reporter.mk.