Милијардите на Гадафи мистериозно исчезнуваат

Од белгиски банки исчезнале дел од парите на убиениот либиски лидер Моамер ел Гадафи, јавува телевизијата RTBF. Советот за безбедност на Обединетите Нации во 2011 година, ги замрзна средствата на либискиот лидер.

Во тој момент во банките BNP Paribas Fortis, ING, KBC, и Juroklir bank се наоѓале повеќе од 14 милијарди евра на Моамер Гадафи. Одлуката не се однесувала на каматите.

За осум години оваа сума се зголемила за 3 до 5 милијарди евра и токму тие пари исчезнале. Се претпоставува дека завршиле во рацете на група луѓе кои војуваат во Либија. Истрагата е во тек.

За исчезнатите 10 милијарди евра од смрзнатите либиски сметки медиуми пишуваа и порано. Во 2013 година, на сметките на либискиот лидер се наоѓале 16 милијарди евра.

Во 2017 година, кога белгиските власти по направената истрага за перење на пари, имале намера да го конфискуваат имотот на Гадафи, биле откриени само 6 милијарди од целата сума.

 

 

Текстот Милијардите на Гадафи мистериозно исчезнуваат е превземен од Reporter.mk.