Од белгиски банки исчезнале дел од парите на убиениот либиски лидер Моамер ел Гадафи, јавува телевизијата RTBF. Советот за безбедност на Обединетите нации во 2011 година ги замрзна средствата на либискиот лидер.
Во тој момент во банките BNP Paribas Fortis, ING, KBC, и Juroklir bank се наоѓале повеќе од 14 милијарди евра на Моамер Гадафи. Одлуката не се однесувала на каматите.
За осум години оваа сума се зголемила за 3 до 5 милијарди евра и токму тие пари исчезнале. Се претпоставува дека завршиле во рацете на група луѓе кои војуваат во Либија. Истрагата е во тек.
За исчезнатите 10 милијарди евра од либиските сметки медиуми пишуваа и порано. Во 2013 година на сметките на либискиот лидер се наоѓале 16 милијарди евра.
Во 2017 година, кога белгиските власти по направената истрага за перење пари имале намера да го конфискуваат имотот на Гадафи, биле откриени само 6 милијарди од целата сума.
Текстот Милијардите на Гадафи мистериозно исчезнуваат е превземен од Reporter.mk.