Поранешнот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ, неспретно извршил самоубиство мешајќи ги лековите во својата затворска ќелија, во Шевенинген во 2006 година, вели поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла дел Понте.
Дел Понте тврди дека со неговата смрт, Милошевиќ успеал да ја избегне хашката пресуда и да биде обвинет за злосторствата кои ги направил во деведесетите години. Дел Понте прзинава дека била изнервирана откако дознала за смртта на Милошевиќ која се случила 11 март 2006 година, не овозможувајќи да ја докаже неговата вина.
Очајничко бегство
„По четири години сослушување, на одбраната и преостануваа само уште 40 часа од излагањето. Судењето трбаше да заврши за неколку недели. Со месеци предупредувавме дека Милошевиќ не ги зема соодветните лекови за висок притисок. Не знаевме дека зема непропишани лекови, кои го сузбивале дејството на неговиот лек“, вели Дел Понте.
„Милошевиќ од судскиот совет побарал да му дозволат привремена слобода за да може да отпатува во Русија на лечење. Тоа го сметавме за очајнички обид да ја избегне пресудата дека е виновен, настојувајќи својата здравствена состојба да ја прикаже како нарушена, со цел да им се приклучи на својата сопруга и син“, објаснува обвинителката.
„Неговото семејство во тој период беше во бегство од српските власти“, напишала Дел Понте во нејзината книга „Воени злосторства“,
„Сега може само да погодуваме дали смртта на Милошевиќ е самоубиство од невнимание. Но, Милошевиќ знаел за својата болест и морал да знае дека ги меша лековите и дека си игра со својот живот“, пишува Дел Понте.
Обвинителката констатира дека Милошевиќ ништо не би добил ако остане во живот, напротив, таа вели дека поранешниот претседател на Србија би изгубил сè што до тој момент имал. Од друга страна почесниот претседател на Социјалистичката партија на Србија, Милутин Мркоњиќ, тврди дека Дел Понте изнесува лаги и будалаштини.
Дел Понте го уби Милошевиќ
„Слободан да пие лекови за да се убие?! Тој не беше луд. Убиецот на Милошевиќ е Карла дел Понте. Будалетина, криминалец! И таа и Трибуналот се злосторници. Хаг е целосно нелегален суд. Тие го убија Слободан и тоа затоа што знаеја дека не може да го осудат, дека немаат ниту еден доказ против него“, вели Мркоњиќ.
Извор: Srbija Danas/Kurir
Текстот Милошевиќ се убил во Хаг, тврди Карла дел Понте е превземен од Reporter.mk.