Мистериозен астероид испратен од друга цивилизација се движи кон земјата, тврдат астрономи

Мистериозен меѓународен астероид Оумуамуа, би можел да биде огромно соларно езеро кое е испратено од друга цивилизација во потрага по знаци за живот, тврдат астрономи.

Оумуамуа стигнала во нашиот Сончев систем во октомври 2017 година. НАСА забележала неочкувано забрзување и поместување во правецот откако џиновскиот објект влегол во внатрешниот круг на нашиот систем минатата година.

Сега една студија тврди дека тоа би можело да биде езеро кое покренува светлина, а која ја испратиле вонземјани. Астрономите од „Харвардски CfA“ го анализирале необичниот облик на објектот, кој наликувал на цигара, како и неговото непредвидливо движење.

„Со оглед на вештачкото потекло, една од можностите е да светлосното езеро кое плови во меѓуѕвездениот простор да е остаток од напредна технолошка опрема. Алтернативното, повеќе егзотично сценарио е да станува збор за оперативна сонда, која е намерно испратена кон Земјата од страна на друга цивилизација“, велат астрономите.

Друга опција, која би го објаснила целосниот недостаток на комуникација и каков било сигнал е плутачкото тело да е вонземјен вселенски брод.

 

Текстот Мистериозен астероид испратен од друга цивилизација се движи кон земјата, тврдат астрономи е превземен од Reporter.mk.