Мистериозна болест се шири низ Етиопија

Мистериозна болест се шири низ Етиопија, пренесува британски „Дејли Мејл“. Оваа болест особено е присутна во селата и во близина на гасниот проект во Сомалија.

Од болеста на заразените жртви им пожолтуваат очите, потоа добиваат температура, па се појавуваат потечености низ целото тело, а на крајот резултатот е смрт.

Вторите забележани симптоми се жолти дланки, намален апетит и несоница, пренесува „Дејли Мејл“. Сеуште е непознато што ја предизвикува ваквата болест, но во јавноста се раширија сомнежни дека истата настанала како резултат на хемискиот отпад кој ја загадил водата за пиење.

Властите во Адис Абеби, ги демантирале овие наводи за оваа болест.

„Токсините доаѓаат од гасните полиња и тие се одговорни за оваа епидемија“, изјавил еден од заразените лица во Етиопија. 23 годишното момче било отпуштено од болницата, кога лекарите му рекле дека за него повеќе ништо не можат да направат. Тој подоцна починал како последица на оваа болест.

Советникот на сомалиската регионална влада, тврди дека станува збор за нова болест која никогаш претходно не е забележана во ова подрачје.

 

 

Текстот Мистериозна болест се шири низ Етиопија е превземен од Reporter.mk.