Мистериозна смрт на Црногорец, семејството не верува дека самиот скокнал од крузер

Потрагата по дваесет и шестгодишниот Енис Махиќ, кој на 24 јануари мистериозно исчезнал од крузерот „Мажести оф ди сиз“, од американската компанија „Ројал карибиан“, каде бил вработен, е прекината на 28 јануари.

Комисијата утврдила дека не е можно некој да остане жив, по толку време минато во океанот. Американските медиуми пишуваат дека во потрагата била ангажирана и крајбрежната стража. Сепак потрагата по Махиќ на крајот завршила безуспешно. Службите добиле повик од екипажот на бродот, дека Енис скокнал од палубата.

Крузерот во моментот на исчезнување на Енис се наоѓал на Бахамите, во главниот град Наса и островот Коко Кеј. На семејството му било соопштено дека Махиќ скокнал самиот, поради што не била спроведена полициска истрага.

„Главно ни даваа нејасни информации. Стапија во контакт со капетанот на бродот и неговите колеги. Сите велеа дека ништо не виделе ниту слушнале. Во текот на истрагата не беа земени изјави од сведоци. Тие смите заклучија дека тој тоа го направил на своја рака. Единствен некој кој може да покрене иницијатива преку црногорската амбасада и да ги контактира тамошните власти да организираат уште една потрага по него, е Министерството за надворешни работи во Црна Гора“, велат членовите од семејството Махиќ.

Тие истакнале да не губат надеж и дека ќе биде пронајдено телото на нивниот син.

„Нема никаква причина Енис да се убие. Тој имаше убава заработка на бродот и немаше никакви проблеми“, велат од семејството.

Министерството за надворешни работи на Црна Гора во меѓувреме соопштило дека во случајот со настраданото момче, амбасадата на Црна Гора во Вашингтон, била информирана дека во ваквите сегашни околности не било возможно да се повтори потрагата по Енис.

Според пишувањата на сајтот „Крузлоунјуз“, ова не е единствениот случај некој од членовте на екипажот изврши самоубиство. Во текот на последните два месеци, два члена од екипажот на бродовите од оваа компанија, но ѝ еден офицер на бродот на фирмата „Селебрити крузис“, скокнале од палубата.

Службите во сите три случаи навеле дека станува збор за самоубиство.

 

Според зборовите на професор Рос Клајн, од 2000 година, на крузерите 335 луѓе скокнале во море. Само минатиот месец оваа бројка изнесувала 26 лица. Никола Арнаутовиќ (22) од Белград, на почетокот на 2018 година бил пронајден обесен во кабината на крузерот „Карнивал фасцинејшен“, откако неговите шефови не сакале да му дозволат да земе боледување кое го побарал два дена пред трагедијата.

По неговата смрт била покрената петиција, на крузерите како постојани членови од екипажот, бидат вклучени и психолози.

Текстот Мистериозна смрт на Црногорец, семејството не верува дека самиот скокнал од крузер е превземен од Reporter.mk.