Мистериозни сигнали стигнаа од вселената, ги улови сателит во Канада

Астрономите објавија истражување за таинствени сигнали кои пристигнуваат од далечна галаксија, а кој се забележани со телескопот во Канада CHIME (Canadian Hydrogen Intensity Mapping Experiment).

Точното потекло на овие налети на радио-бранови, сеуште не е познато. Помеѓу 13 интервали на овие брзи радио-бранови (FRB, fast adio bursts), се повторува еден многу необичен сигнал, кој доаѓа од истиот извор.

Изворот е оддалечен околу 1,5 милијарди светлосни години. Ваков феномен е забележан само еднаш во минатото во 2015 година со телескопот во Порторико.

„Сега кога забележавме уште еден ваков радио-бран, можеме да претпоставме дека во вселената постојат повеќе“, вели астрофизичарката Ингрид Стаирс од Универзитетот „Бритиш Колумбија“.

„Со повеќето повторувања на изворот, можеме да ги проучуваме радио-брановите ѝ можеби ќе успееме да ја одгатменем оваа космичка загатка. Од каде доаѓаат сигнаите и што ги предизвикува“, додава Ингрид.

 

Телескопот во Канада кој се наоѓа во долината Оканаган во Британска Колумбија, се состои од четири полуцилиндрични антени. Секоја е долга по 100 метри, а со нив секој ден може да се проучува целото северно небесно подрачје.

Сателитот почнал со работа минатата година, а многу брзо детектирал 13 радио-бранови, вклучувајќи и повторувачки сигнал. Научното истражување за појавата на овие таинствени сигнали е објавено во списанието Nature.

FRB се кратки интервали на радио-бранови, кои веројатно се појавуваат од другиот крај на вселената. Тие се непредвидливи и краткотрајни. Тоа се изненадувачки појави на некои делови од небото и траат неколку милисекунди.

 

 

Текстот Мистериозни сигнали стигнаа од вселената, ги улови сателит во Канада е превземен од Reporter.mk.