Мистериозниот настан кој допринел Хитлер да воведе диктатура, на чекор да добие разрешница

Германија е на чекор да ја реши повеќедецениската мистерија за тоа кој е вистинскиот виновник за палењето на парламентот во Берлин во 1933 година. Новите докази, експертите велат дека се наоѓаат во архивата на судот во Хановер. Надлежниот суд во петокот ги потврдил како автентични.

Меѓу нив се нашол и исказот на еден припадник на нацистичката паравојска СА, според кој холандскиот левичар Маринус ван дер Лубе не е виновен за палењето на парламентот, личност која подоцна била осудена на смртна казна.

Познато е дека нацистите го запалиле Рајхстагот за да имаат изговор за почеток на масовните прогони на политичките соперници и постепеното укинување на демократијата и за расистичките прогони.

Но, ова е прв пат, еден документ. кој тоа цврсто го докажува, да биде непобитно автентичен.

Припадник на нацистичката паравојска СА во исказот прераскажува како во ноќта на пожарот во Рајхстагот, го возел ван дел Лубеа. Кога тој заедно со Ханс-Мартин Ленинг, Ван дер Лубе и нивните колеги со автомобил стигнале во парламентот, тие почувствувале чуден мирис и дим кој веќе излегувал од просторијата.

За пожарот во Рајстагот на 27. февруари 1933 година, е обвинет Ван дер Лубе и е осуден на смрт. Но, неговата одговорност се доведува во прашање уште од падот на нацистите во 1945 година.

Нацистите за палењето на Рајхстагот ги обвиниле комунистите и тоа го искористиле за воведување на вонредна состојба и укинување на уставот, отворајќи пат за диктатурата на Хитлер.

Ленинг понатаму сведочел дека и тој и неговите колеги протестирале против апсењето на Ван дер Лубе.

„Бевме убедени дека Ван дер Лубе не можел да го запали парламентот, затоа што Рајхстагот веќе бил во пламен кога го донесовме таму“, пишува во изјавата.

Хитлер по палењето на зградата на Рајхстагот на 27. февруари 1933 година, ја нахушкал полицијата против Евреите и комунистите и со декрет освоил вонредни овластувања.

Почнал да ги укинува и згаснува сите печатени весници. Германскиот естаблишмент бил шокиран. Конзервативците кој во 1933 година му овозможиле доаѓање на власт, верувале дека можат да го контролираат еднаш кога ќе дојде на канцеларското место, затоа што во таа влада, повеќето од министрите не биле нацисти.

„Во рок од два месеци, Хитлер ќе го притиснеме до ѕид и ќе го натераме да цимоли“, говорел во тоа време вицеканцеларот Франц вон Папен, човек кој ја договорил новата власт. Хитлер ги изненадил сите со спроведувањето на политиката која цело време ја заговарал.

Почнал да ја претвора Германија во етничка чиста, националистичка земја. Херман Геринг и Јозеф Гебелс, таа 1933 година, сеуште не биле познати и јавноста не знаела во кавки чудовишта ќе се претворат.

Биле амбициозни политичари со радикални ставови и харизматично лидерство. Молскавично се фрлиле на извршување на плановите. Геринговата моќ лежела во лукавите преговори на Хитлер со Папен во контрола на пруската полиција.

Геринг за кратко време ги протерал сите полицајци и на одредени групи на луѓе им ги одземал граѓанските права. Евреи, комунисти и социјалдемократи, сите тие работеле под маската на одбрана на Германија од неизбежната марксистичка револуција, која германските комунисти ја довеле од Советскиот сојуз.

Иако германската комунистичка партија никогаш не освоила повеќе од 15% од гласовите во 14 години постоење на Вајнмарската Република, за разлика од нацистичката партија, која освоила 37% од гласовите на изборите во 1932 година, таа станала партија со релативна големина, но далеку од апсолутна.

Комунистите биле згодно страшило со кој Хитлер можел да оправда многу ексцеси. Можел да се заканува со руската револуција за да ја опише еврејското-болшевичката закана во Германија. Единствена брана меѓу Германците и комунистичката диктатура, како што велел Хитлер, била нацистичката диктатура.

Хитлер се користел и со раната верзија на лажни вести. Станува збор за целосен фалсификат, нешто што одамна било познато.

„На националсоцијалистите им се воодушевуваме за една работа. За прв пат во германската политика, успеале во целост да ја мобилизираат човековата глупост“, изјавил во 1932 година, Курт Шумахер, тогашниот шеф на социјалдемократите.

Само неколку месеци подоцна, конзервативците биле доведени до ѕид. Година дена подоцна, мнозинството во парламентот го изгубило своето влијание и еден од нив, поранешниот конзервативен републиканец, канцеларот Курт вон Шлајхер, бил убиен во Ноќта на долгите ножеви.

Еднаш кога естаблишментот го прифатил Хитлер, веќе било доцна. Тој веќе успеал да ја превземе целата власт и за Германија повеќе немало спас.

 

 

Текстот Мистериозниот настан кој допринел Хитлер да воведе диктатура, на чекор да добие разрешница е превземен од Reporter.mk.