Голем број теоретичари на заговор сметаат дека пучот кој се случи во Боливија е со цел да се тргне Ево Моралес од претседателското место поради неговата желба националното богатство да го подели меѓу народот, а не да им го раздаде бесплатно на странците.
Боливија е земја која располага со големи количини на литиум, елемент кој е клучен за производство на батерии за мобилни телефони, лаптопови и електрични автомобили. Нередите во земјата се случиле за помалку од недела дена, по неговата одлука да го поништи договорот со една од странските компании за развој на наоѓалишта на литиум.
Неговата одлука донесена на 4. ноември, да го поништи договорот од декември 2018 година со германската компанија ACISA (ACI Systems Alemania) следела по неколкунеделните протести на жителите во регионот Потоси. Граѓаните барале поголема добивка од експлоатацијата на литиумот.
Веќе на 10. ноември, Моралес бил приморан, по 14 години да си поднесе оставка, откако врховниот заповедник на вооружените сили, од него побарал да се откаже од местото претседател.
Во местото Потос, кое се наоѓа на најголема надморска височина во светот има меѓу 50 и 70 проценти од светските резерви на литиум. Голема количина на овој елемент има под исушеното езеро Салар де Ујуни. Површината е околу 10.000 квадратни километри.
Според податоците на американскиот Геолошки завод, само под ова исушено езеро лежат околу 9 милиони атони литиум, или околу четвртина од светските резерви. Истовремено, Светска банка прогнозирала дека побарувачката за овој најлесен метал, во наредниот период ќе порасне вртоглаво. Во 2025 година неговата цена ќе биде двојно поголема, а во 2050 година ќе достигне 1000% од денешната побарувачка.
Поради тоа литиумот се нарекува и нафтата на 21 век. Овој потег на Моралес ја отвори вратата за нови преговори за договор, со цел жителите во овој регион добијат поголема добивка. Моралес сака да изврши директна национализација на боливиската индустрија преку вадењето на литиумот.
Во тој правец се и неговите изјави дека владата е одлучна во намерата да ја индустрилизира земјата и да вложи многу за да може литиумот да се преработува во Боливија, а потоа се извезува во готов производ, како што се батериите. Според проценките на аналитичарите, ваквиот став на Моралес го чинела претседателската фотелја.
Истовремено се почесто во јавноста се изнесуваат тезите дека боливискиот литиум му припаѓа на народот на Боливија, а не на странските компании. Со појавата на ваквите тези се почна медиумската војна против Моралес.
Темелите за неговото рушење се поставени пред неколку месеци, кога бил претставен како непријател на животната средина. Во јавноста се ширеа приказни дка тој не прави ништо по прашањето на шумските пожари кои ги уништија шумите во Амазонија иако на фотографиите беше виден во првите редови на гасењето на огнот.
Моралес стана и непријател на екологистите. Тие го обвинија дека и покрај наеговите изјави дека производството на електричните автомобили, се клучни во намалувањето на ефектот на стаклената градина.
Текстот Моралс е тргнат од власт затоа што сакал државното богатство да го сподели со народот, а не странците е превземен од Reporter.mk.