Американскиот милијардер и осуден педофил, Џефри Епстајн, во деведесетите години купил девојка од Југославија. Тој ја земал Нада Марчинкова од нејзините родители кога таа имала петнаесет години. Ова го сведочи една од жртвите на педофилот, која открива дека Американецот имал секс со нив двете додека биле малолетни.
Родителите на Нада ги земале парите од Епстајн и не ги интересирало каде ќе ја носи и што ќе прави со нивната ќерка. Неда потекнувала од семејство од Чехословачка. Родена е на 21 февруари 1985 година, неколку години по Кадифената револуција во земјата. Поради тоа Епстајн ја нарекол „„југословенската робинка за секс“.
Мистериозната девојка, чиј идентитет сака да биде затскриен поради нејзината лична безбедност и интерес во истрагата сведочи дека Епстајн често ги тепал и им нанесувал тешки повреди.
„На почетокот сакаше само да не гледа. Потоа не сликаше ѝ се задоволуваше, а фотографиите ги фрлаше низ станот. Често знаеше да биде груб со нас и да ни нанесе тешки повреди. Имаше денови и кога не силуваше“, раскажува девојката.
Пред да ја донесе во САД, Епстајн морал да ги фаслсификува документите на Нада за да ја направи постара. Мистериозната девојка открива дека во 2002 година имале секс во тројка. И двете имале само 16 години.
Епстајн во 2008 година е осуден на затворска казна. Милијардерот минал 13 месеци во затвор, а покрај Нада го посетувале и голем број други девојки, кои педофилот ги користел како робинки.
Сведоците и упатените во неговиот случај велат дека ќелијата во која бил сместен изгледала како луксузна хотелска соба. Тој секогаш можел да добие сè што ќе посака и да излезе кога ќе му се посака.
Нада денес има 33 години. Откако успеала да се ослободи од Епстајн, таа почнала да се занимава со недвижности, а денес е комерцијален пилот и инструктор по летање. Сведокот вели дека таа сега го има променето своето име.
Текстот Му ја продале ќерката на Епстајн кога имала 15 години, сведоштво за Нада Марчинкова е превземен од Reporter.mk.