На црниот пазар се продава крв, од оние кои го прележале коронавирусот, пренесува српски Курир. На црниот пазар, таканаречениот „дарк веб“, се продава крв од луѓето кои оздравеле од опасниот вирус, а сајбер криминалците, за литар крв која содржи антитела, бараат повеќе и од 10.000 долари.
„Дарк веб“, е илегален дел од светската мрежа, на која може да се пристапи преку посебни пребарувачи. Досега беше база за купување на дрога, оружје, па дури и порачување на убиства. Сега, во време на пандемија на коронавирус, стана место каде може да се купи крв на луѓето кои го преболеле „Ковид-19“.
Луѓето веруваат дека оваа крв, содржи антитела против заразата. Како се претпоставува, купците ја набавуваат крвта со антитела, за да добијат транфузија и на тој начин сметаат дека ќе се заштитат од инфекции од новиот вирус, или би се излечиле, ако веќе се заразени.
Некои од сајтовите забранија да се продава крвта, бидејќи постои голема можност за измама, а илегалниот пазар не сака на тој начин да ја наруши својата „репутација“.
Продажбата на крв, сега е на универзалната листа на „забранети роби“, на поголемиот дел од „дарк веб“, на кој се уште и нарачувањето на убиствата, продажбата на човечки органи и „снаф“ филмови (филмови во кои се прикажауваат сцени од вистински убиства или мачења).
Но, како и секој друг пазар и овој нелегален i заштитен со силни криптографски софтвер, има свој исклучоци, па така на него сепак може да се купи крв, како и други забранети работи.
Со ова прашање се занимава и австралиската влада, чиј Иниститут за криминологија направил студија за илегалната продажба на производот во врска со „Ковид-19“. И тие откриле понуда за продажба на крв со антитела, наведена како „пасивна имунизација“, изјавил Род Бродхарст, еден од авторите на студијата.
Како што е утврдено, во 12 криптопродавница, откриени се 645 понуди за продажба на производи во врска со „Ковид-19“. Најголем дел од нив се заштитна опрема, но понудени се и лекови, вакцини, тестови, па дури и еден респиратор.
Потеклото на крвта не е познато, но за некои криптопродавници, на кои е понудена, откриено е дека се регистрирани во Шведска.
Извор/Курир.рс
Текстот На црниот пазар се продава крв, од оние кои го прележале коронавирусот е превземен од Reporter.mk.