На Даниел Крег му се изгуби секаква трага во Белград

Најпознатиот таен агент на филмското платно, Даниел Крег, во моментов престојува во Белград, но од неговото пристгинување од пред неколку дена, организаторите успеале добро да го сокријат и да му ја избришат секоја трага.

За Џејмс Бонд во српската престолнина бил изнајмен луксузен стан, но и претседателски апартман во еден од најскапите хотели за да може актерот да ја добие потребната приватност. За тоа биле издвоени 15.000 евра.

Иако сеуште не е позната пичината поради која Даниел пристигнал во Србија, сепак се шпекулира дека во прашање е снимање на новиот дел од популарниот филм за тајниот агент 007. Сепак медиумите во Србија пишуваат дека досега никој не го видел актерот во српската престолнина.

Луѓето кои се задолжени за неговиот престој во Белград се потрудиле да ја сочуваат неговата приватност, која му е најважна. Пред месец дена пред неговото пристигнување, бил резервиран претседателски апартман во луксузен хотел кој чини околу 1700 евра на ден.

„За Даниел е изнајмен претседателски апартман од 100 метри квадратни. Станува збор за луксузен апартман кој има две спални соби, од кои главната има голем кревет со мека постелнина, дневна соба, посебна просторија за гардеробер и се разбира, она што го бараат повеќето светски ѕвезди, големо удобно купатило со џакузи, туш кабина и луксузна козметика. Во апартманот се наоѓа и мебел од минатиот век, и мини бар, уреден од најфино дрво, како и трпезариска маса и столици. Ексклузивните погодности кои ги има се услуга на батлер и 24 часовна собна послуга“, вели упатен извор.

Поради фактот дека вакви хотели во Белград нема премногу, организаторите знаеле дека актерот лесно би бил откриен, па дополнително му обезбедиле приватност со изнајмен стан, на непозната локација.

„Она што можам да го кажам е дека тој стан не е баш во центарот на градот, но е во убав и мирен крај. Станот е поприлично голем, има две спални соби, со големи брачни кревети, кујна, просторно купатило со џакузи. Зградата има приватен базен. Неговата цена изнесува околу 300 евра на ден“, вели изворот.

Според последните информации од српските медиуми, Бонд во Белград допатувал минатата недела, па организаторите досега за неговиот луксуз издвоила околу 15.000 евра. Може да се случи да остане подолг период, па во тој случај ќе бидат потрошени дополнителни средства.

Освен можноста да сними продолжение на филмот за тајниот агент во Белград, во јавноста се зборува дека актерот тука бара локација за снимање на серијата Purity, но и филмот The Creed of Violence. Сепак поголема е веројатноста дека причината поради која Даниел Крег е дојден во Србија, снимањето на новиот филм на „Џејмс Бонд“, нешто за кое што пишуваше и британски „Дејли Мејл“.

 

Текстот На Даниел Крег му се изгуби секаква трага во Белград е превземен од Reporter.mk.