На интернет се шири лажна вест за тоа дека рускиот претседател Владимир Путин пуштил 500 лавови низ улиците на Москва, за да ги натера граѓаните на целосна изолација во земјата.
Со веста на социјалните мрежи се шири и видео од лав кој наводно бил снимен на една од улиците во Москва. Сепак, многумина ја открија веста дека е лажна и коментираат дека станува збор за фотографија од улицата „Јоханезбург“ и тоа по снимање на филмска сцена.
Фотографијата е објавена во „Њујорк пост“ во 2016 година. На интернет се шири и вест дека Путин одржал државна конференција на која им порачал на луѓето дека ако не се придржуваат до мерките и не останат дома, ќе завршат во затвор на 15 дена. Многумина на социјалните мрежи тврдат дека и оваа вест е лажна.
Текстот На интернет се шири лажна вест за тоа дека Путин пуштил 500 лавови на улица е превземен од Reporter.mk.