Непознати хакери извршиле кражба на податоци од компанија која соработувала со Федералната служба за безбедност FSB, која е наследник на КГБ. Ваквата кражба претставува најголема кражба во историјата на Русија.
Хакерите го загрозиле проектот на правење на посебен интернет со цел да се заштити националниот интерес, а кој го одобрил лично претседателот Владимир Путин. Сајбер-криминалците украле 7,5 терабајти податоци.
Се верува дека дел овој материјал ќе биде предаден на медиумите ширум светот за да биде објавен во јавноста. Хакерската група која себе си се нарекува „Ov1ru$ се појавила во московската ИТ компанија „Сај тек“, која заедно со FSB работи на проектот на изградба на руски интернет.
Хакерите на сајтот на компанијата поставиле смајли, пренесува „Би-Би-Си“. Материјалот потоа е проследен до хакерската група „Дигитал Револушен“, која го дистрибуирала до медиумите.
Во најголемата кражба на податоци во историјата на Русија, украдени се детали од социјалната мрежа како „Фејсбук“ или „Линкедин“, како и детали за корисниците на пребарувачот „Тор“. Во прашање е еден од најпознатите софтвери за анонимна комуникација на интернет и тој претставува влез во таканаречениот дарк веб.
FSB има овластување да применува политика на влада и се грижи за националната безбедност на Руската Федерација, ги штити границите и изведува антитерористички акции. Засега нема назнаки за тоа кои се податоци ги имаат собрано хакерите.
Дополнителен проблем за Кремљ претставува и тоа што компанијата „Сајт тек“ имала договор и со воената едница 71333, која е пандам на цивилниот 16 директорат на FSB, а кој е задолжен собирање на воени известувачки податоци.
Текстот Најголемата кражба на податоци во историјата на Русија, хакерите удрија на Путин е превземен од Reporter.mk.