Убиството на Џорџ Флојд, кое е тема број еден во сите светски медиуми, во последните неколку дена, со себе како по обичај, повлече голем број на теории на заговор, а една од најлудите е всушност дека убиството не се случило и дека се работи за чиста глума, пишува српски Курир, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Оваа теорија брзо се рашири низ социјалните мрежи, а нејзиното главно тврдење е профилот на IMDB, со името на Дерек Шовен, полицаецот кој го уби Џорџ Флојд.
Така се рашири сомнеж за вистинитоста на шокантните снимки кои го згрозија светот, на кои се гледа како Дерек со колено го притиска вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, по што тој умира.
Како и обично, големите протести во општеството доведоа до поголема поларизација во друштвото, но просто е неверојатно како многумина поверуваа во теоријата дека уапсениот полицаец всушност е „кризен глумец“, односно човек кој се ангажира во режирани приказни, најчесто во некои катастрофи или несреќи како што се терористички напади, поплави, пожари и слично.
Така една од корисничките на социјалните мрежи, со прикажаната сцена од убиството на Флојд, наведе неколку моменти кои покажуваат дека целата оваа работа е еден голем заговор.
„Уште еднаш сме измамени! Повторно! Лажна вест! Дерек Шовен е глумец. Неговото име се појавува на IMDB и тоа во врска со ова видео, напишала таа.
Но, портпаролот на IMDB објаснил за „Ројтерс“ дека станува збор за „профил“, кој на овој сајт е напраен на 28. мај, односно три дена по убиството на Флојд.
„Многу луѓе кои не се глумци имаат профили на IMDB, затоа што нивното име се појавува според природата на нивната работа во медиумите“, изјавил тој.
Тој објаснил дка тој профил на овој сајт е направен или како резултат на споменување на неговото име во телевизиските вести, или од страна на оние кои решиле, смртта на Џорџ Флојд да ја претстават како заговор.
Сите тврдења дека Шовен не бил полицаец се лажни, наведува „Ројтерс“. Јавните официјални лица, вклучујваќи го и шефот на полицијата во Минеаполис, потврдиле дека полицајците кои се вмешани во смртта на Флојд, се отпуштени по инцидентот.
Така, повеќе медиуми објавија и за полициското досиее на Шовен, со сите тужби и забелешки за неговата работа, кои претходно, во период од речиси две децении биле спроведени во полицијата на Минеаполис.
Текстот Најлуда теорија на заговор околу убиството на Флојд, сè е лага, полицаецот е глумец е превземен од Reporter.mk.