Наоми Кембел била потенцијална жртва на педофилот Епстајн

Светскиот модел Наоми Кебел откри дека во минатото се дружела со милијардерот педофил Џефри Епстајн и дека се згрозила кога дознала за работите кои тој ги направил во минатото. Таа вели дека сочувствува со жртвите, но истовремено им се заблагодарила на луѓето кои успеале да ја заштитат од него.

„Секогаш беше во првите редови за време на ревиите на „Викторија Сикрет“. Тоа што го направи е непростливо. Се згрозив кога дознав што правел со тие млади луѓе. Фала богу околу мене постоеја добри луѓе кои успеаа да ме заштитат од него. Сочувствувам со жртвите. Не можам да верувам дека се случило вакво нешто. Тие сега се обележани за цел живот“, изјавила Кембел.

Светските медиуми пишуваат дека Епстајн бил на прославата на 31. роденден на манекенката. Двајцата ги запознал тогашниот партнер на манекенката Флавио Бријаторе. Епстај на забавата пристигнал со Вирџинија Робертс, девојката за која медиумите пишуваа дека била негова сексуална робинка.

Џефри кој во затворот го чекал судење за сексуален напад на жени и трговија на малолетнички, се убил во својата ќелија на 10 август. Епстајн се изјаснил на 8. јули дека не е виновен. Обвинителите посочија дека тој успеал да заведе десетина девојки на возраст од 14 години во својот луксузен дом во Њујорк и на Флорида.

Подоцна им плаќал за сексуални услуги.

 

 

Текстот Наоми Кембел била потенцијална жртва на педофилот Епстајн е превземен од Reporter.mk.