Најозлогласениот холандски гангстер Вилем Холедер е осуден во Амстердам на доживотен затвор поради вмешаност во пет мафијашки убиства, вклучувајќи го и својот зет.
Холедер (61), наречен Нос, по најистакнатите црти на лицето, најмногу е познат по претходната пресуда за киднапирање на тајкунот од пивската индустрија Фреди Хајнекен во 1983 година.
Судењето по повод серијата убиства направени во 2000 година, траело од 2015 година и е следено со голем интерес во јваноста.
„Виновни сте за поттикнување на пет убиства, ликвидации, направени по наредба на организирани банди, за големи суми на пари“, изјавил судијата Франк Виланд.
Читајќи ја пресудата Виланд дополнил дека Холедер бил шеф во криминална организација. Најдолгото судње во историјата на Холандија е одржано во затвор со големи мерки за обезбедување, познато како „бункер“. Неговите сестри и поранешна девојка ги ризикувале своите животи за да соберат инкриминистирчки докази.
Сведоците на обвинителството во случајот биле и сестрите на Холедер, Астрид и Соња, чиј сопруг Кор ван Хоут, бил еден од соработниците на мафијашот во киднапирањето на Хајнекен. Хоут е убиен во 2003 година.
Холедер кој се смета за одговорен и за еден од најголемите ланци на проституција во Европа и шверц на дрога, е прогласен за виновен за тоа убиство.
Клучниот момент на судењето се случило кога пред судот биле емитувану тајни разговори кои ги снимиле неговите сестри, во кои Холедер се слуша како и се заканува на Соња дека ќе ја убие неа и нејзините деца.
Холедер и понатаму има влијание во криминланото подземје и неколку убиства се наредени од неговата затворка ќелија. Медиуми пишувале дека Холедер своите најблиски соработници ги наоѓал меѓу лицата од криминалното миле во Србија и Црна Гора, кои пристигнувале во Холандија.
За бирањето на погодни лица за Холедер, наводно бил задолжен Милош Бата Петровиќ, кој бил уапсен во Холандија во 2011 година. Според наводите на белградските и холандските медиуми, Петровиќ во подземјето бил соперник на Сретен Јоциќ, познат како Јоцо Амстердам, во бизнисите со дрога.
Текстот Наредил пет убиства меѓу кои и зетот, кралот на мафијата во Холандија го издадоа сестрите е превземен од Reporter.mk.