Флота на вселенски бродови биле забележани како демнат сателити на НАСА, тврдат теоретичарите на заговор, пишува британски Express.
Користејќи ги сликите за опсервација на НАСА, теоретичарите на заговор веруваат дека забележале чудна флота на вонземски бродови. На фотографиите од сателитот за соларна и хелиосферска опсерваторија (SOHO), се гледаат како вселенските бродови лебдат во вселената.
Серија на слики прикажува чудните светла кои летаат близу до камерата на сателитот SOHO. Снимките од чудните глетки првично беа поставени на каналот на Јутјуб Streetcap1.
Streepcap1 наведува дека има доволно докази во видеото што сугерираат дека бизарната средба е навистина вонземска активност.
Текстот НАСА снимила флота на НЛО е превземен од Reporter.mk.