НАСА дури неколку години откако се случила несреќата со астронаутите во вселенското летало „Челинџер“, открила што навистина се случило со нивната ракета и ги објавила последните мигови на ужас на седумте астронаути.
Вистината ја открил новинарот Денис Пауел кој го објавил вистинскиот тек на настани. Тој вели дека Боб Ебелинг човекот кој соработувал со НАСА бил еден од луѓето кои предупредиле на опасностите кои настанале на 28 јануари 1986 година кога се случила страшната експлозија на вселенското летало „Челинџер“.
Во несреќата која се случила само 73 секунди по лансирањето, загинале седум астронаути. Ракетата се распаднала, а остатоците завршиле во Атлантскиот океан.
Истрагата потврдила дека причината бил дефект на еден од прстените кои ја поврзуваат ракетата со големиот резервоар за гориво. Десниот мотор се одовоил од остатокот од леталото, а во 73 секунда се одвоила и аеродинамичната капа на врвот на главниот резервоар.
При полетувањето ништо не навестувало дека ќе дојде до ваквата несреќа. Контролата на летот му наредила на командантот Францис Скоби да го подигне доводот за гориво, нешто што тој тоа ѝ го направил, но тоа била последната комуникација која кулата ја имала со членовите на екипажот.
Доколку го послушале инженерот Боб Ебилинг, кој работел за компанијата која ги произведувала ракетите, можеби одговорните во НАСА ќе ја откажеле мисијата и сите астронаути денес ќе биле живи. Боб предупредил на екстремното студено време кое можело да ги предизвика проблемите со прстените на ракетите.
Боб, заедно со уште некои од своите колеги ги замолил одговорните лица во НАСА да го одложат лансирањето, додека времето не затопли. Добил одговор дека „Челенџер“ не е во негова сопственост. Како резултат на тоа биле седум мртви астронаути, меѓу кои била и учителката Криста Меколиф, која освоила наградно место во едукативната програма на НАСА. Сепак, зад кулисите се одиграла драма како од криминалните романи на Агата Кристи.
Пилотската кабина во ракетата каде бил сместен и екипажот, останала релативно неоштетена по експлозијата. Кабината со екипажот кој бил заробен на своите седишта, полетала дполнителни пет километри, пред да го доживее својот последен пад долг околу дваесет километри.
Судејќи според ова, екипажот бил свесен што им се случува во последните 2,5 минути, колку што траел смртоносниот пад на кокпитот. НАСА не сакала оваа верзија да се објави во јавноста. Со години тврделе дека екипажот загинал во експлозија, брзо и безболно.
Сепак вистината се открила дури две години по експлозијата, кога новинарот Денис Пауел го објавил вистинскиот тек на настани. Кога шатлот се распаднал, дел од екипажот не го изгубил притисок на воздух, барем не оддеднаш.
Почувствувале мал силен удар, но веројатно ништо доволно силно за да ги повреди. Веројатно тоа била причината зошто последниот забележан звук во кабината бил „ух, ох“. Четворицата астронаути на командната палуба, можеле да го видат силниот блесок и облак на пареа.
По неколкуте удари, кислородот престанал да доаѓа во кацигите на седумина атронаути. Некои од нив, веројатно астронаутот Роналд Мекнер, го вклучил резервоарот за воздух за итни случаи (PEAP) на пилотот Мајкл Смит. Резервоарот за воздух на Скобеј бил на тешко достапно место и не бил активиран.
Под услов кабината нагло да го узгубила воздухот, Скобеј можел само да го подигне визирот од кацигата и да продолжи нормално да дише. Уште два PEAP биле активирани додека три никогаш не биле пронајдени.
Самиот шатл се распаднал на повеќе делови, но кабината останала цела и постои реална можност астронаутите да можеле да видат како се приближуваат до Атлантикот, затоа што тој дел од леталото се стабилизирало за време на своето патување.
Не постојат докази дека кабината воопшто го изгубила воздухот, што е уште еден во низата докази дека астронаутите биле свесни за својата неизбежна смрт. Уште пострашно е тоа што, нивните семејства и милиони гледачи можеа да го проследат целиот настан покрај ТВ екраните.
Текстот НАСА со години ја криела вистината за трагедијата со седумте астронаути е превземен од Reporter.mk.