НАТО оваа година ќе ја признае вселената како простор во кој би можел да се води војна, пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на неименувани дипломати.
Како што наведува агенцијата, ваквата одлука на НАТО ќе биде делумно условена и поради идејата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сака да оформи вселенски огранок на американската војска. На овој начин, НАТО ќе му покаже дека алијансата и понатаму може да биде релевантна вели изворот.
Официјалната одлука треба да биде донесена на самитот на НАТО на 3. и 4. декември во Лондон, настан на кој ќе присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ројтерс“ наведува дека доколку одлуката се усвои, вселената ќе биде место каде ќе се водат војните, исто како што сега се водат на копно, море, воздух или сајбер просторот.
„Постои разбирање дека вселената треба да биде простор каде ќе се водат војните и лондонскиот самит веројатно е најдоброто место каде тоа може да се официјализира“, изјавил неименуван дипломат.
Текстот НАТО ќе војува во вселената, одлуката ќе падне на самитот во декември е превземен од Reporter.mk.