Научници од ОН за 12 години предвидуваат катаклизма

Обединетите нации во најновиот извештај за временските прилики предупредија дека светот мора да превземе мерки и со цел да се задржи нивото на глобалната температура, во спротивно се ризикува со зголемување на шансите за силни топлотни бранови, со голему бури и поплави или силни суши во некои региони.

Задржувањето на растот на температурата на Земјата на само 1,5 степени целзиусови, наместо на два степни, е договорено за време Парискиот климатски договор во 2015 година. Со вавкиот договор земјите во светот се залагаат за допринес на задржување на природниот екосистем.

 
Според извештајот, со моменталната стапка на загревање, светската температура веројатно ќе достигне раст од 1,5 степени целзиусови во периодот меѓу 2030 и 2052 година. Досега од средината на 1800 година, забележано е пораст на температурата од 1 степен целзиусов. Со планираното зголемување на температурата од само 1,5 степени целзиусови, растот на глобално ниво на морето би бил за 0,1 метар понизок до 2100 година.

На тој начин би се намалиле поплавите и преселбите на луѓето кои живеат на островите и крајбрежните места. Оваа ниска стапка на раст на температурата исто така би го намалило и губитокот и исчезнувањето на одредени видови и би го намалило негативното влијание на копнените и слатководните екосистеми.
„Секое и најмало загревање преку границата од 1,5 степени целзиусови или го зголемува ризикот кој е поврзан со долгорочните или непоправливи промени, како што е губитокот на некои екосистеми“, изјавил Ханс-Ото Портнер, кој ја води една од работните групи на Обединетите нации.
За да загревањето се задржи на 1,5 степени целзиусови, нето емисијата на јаглен-диоксид (CO2) кој го предизвикува човекот треба да падне за околу 45 проценти до 2030 година со нивото од 2010 година и до средината на векот да има „нулта нето вредност“.
Во извештајот е наведено дека обновливите извори на енергија би требало да обезбедат 70 до 85% од снабдувањето со струја до 2050 година, во однос на сегашните околу 25%, со цел да се остане во рамки на границите на затоплување од 1,5 степени целзиусови.
Со користењето на технологијата на апсорбирање и складирање на јаглеродот, уделот на електричната енерија за производство на гас би требало да се намали за 8 %, а на јаглен под 2%. Во извештајот на ОН во овој контекст не се споменува нафтата.
Ако растот на просечната глобална температура повремено ги надмине планираните 1,5 степени целзиусови, ќе бидат потребни дополнителни техники за отстранување на јаглеродот за да затоплувањето се врати на нивото под 1,5 степени целзиусови до 2100 година.
„Извештајот покажува дека ни преостануваат минимални можности за превентивно делување за да се избегнат незамисливите штети по климатскиот систем, кој влијае на животот каков што го познаваме“, изјавил Амџад Абдула, член на одборот на IPCC и главен преговарач на еден сојуз од мали островски држави, кои имаат големи шанси и се под ризик да бидат поплавени поради растот на нивото на морето.
IPCC се состана минатата недела во Јужна Кореја, за да го финализира извештајот, кој се донесува на барање на владите од 2015 година, со цел да се процени изводливоста за лимитирање на глобалното затоплување од 1,5 степени целзиусови.

Текстот Научници од ОН за 12 години предвидуваат катаклизма е превземен од Reporter.mk.