На 11 ноември научниците регистрирале сеизмички активности кои предизвикале потрес на целата планета. Сеизмолозите досега не можат да утврдат која е причината која го предизвикала овој мистериозен земјотрес.
Иако никој не го почувствувал, научниците тврдат дека земјотресот се случил, а сеизмичките бранови траеле дваесетина минути. Епицентарот се наоѓа во Индискиот океан во близина на францускиот остров Мајот.
Мајот е остров кој се наоѓа меѓу Мадагаскар и Мозамбик. На „Твитер“ се појавиле и фотографии кои ја покажуваат аномалијата, а на истите се гледа дека тресењата се случиле од Чиле и САД, па се до Нов Зеланд.
„Мислам дека никогаш не сум видел вакво нешто. Но, не мора да значи дека причината е нешто егзотично“, изјавил сеизмологот Горан Екстром од Универзитетот на Колумбија.
Засега останува мистерија дали земјотресот е предизвикан од вулканска активност или пак станува збор за некаков удар од метеорит.
Обично „нормалните“ земјотреси се краткотрајни појави кои произведикуваат силен потрес кој завршува по неколку секунди. Но, подоцнежните поместувањата и бранови, можат да потраат подолго. По ваквите удари, настануваат три видови на бранови.
Првите два типа имаат всоки фреквенции, а дури на крајот стигнуваат бранови со ниски фреквенции, како оние кои биле забележани кај островот Мајот. Поради ниските фреквенции, ваквите бранови можат да вибрираат како некакво ѕвоно и неколку пати да го обиколат светот.
Но, на необичните бранови со ниски фрекценции, кои се случиле на 11 ноември и кои вибрирале низ светот, не им претходеле примарни и секундарни бранови.
Геолозите поради ова се збунети, а едно од објаснувањата е дека се работело за таканаречени „сеизмички рој“, односно собир на истовремени помали потреси без конкретен почетен ударен шок.
Though we know ‘it’ happened, we still have no idea what ‘it’ was! https://t.co/Z8LmsTx9Ld
— RT UK (@RTUKnews) November 30, 2018
This is a most odd and unusual seismic signal.
Recorded at Kilima Mbogo, Kenya …#earthquakehttps://t.co/GIHQWSXShd pic.twitter.com/FTSpNVTJ9B— ******* Pax (@matarikipax) November 11, 2018
SBV, like the other stations, shows long monochromatic signal with ~17s period (mono-freq Rayleigh waves?). But filtered above 1Hz SBV (lower plot) also shows seismic(?) signals from repeating sources, with some ~50s apart. Maybe some large, shallow, oscillating volcanic source? pic.twitter.com/bPqdQFwAgm
— Anthony Lomax (@ALomaxNet) November 11, 2018
Текстот Научници тврдат дека на 11 ноември се тресела целата планета е превземен од Reporter.mk.