Научниците немаат објаснување, лекарка 90 дена е позитивна на коронавирус, иако е во изолација

Лекарката Колин Кивлахан е деведесет дена позитивна на коронавирусот, иако е во изолација. Научниците велат дека се без одговор за ваквиот феномен. Колин е една од малата група на луѓе кои и по 90 дена по тестирањето на вирусот и понатаму е позитивна, пренесуваат српските медиуми.

„Иако симптомите се лесни, тие сеуште се тука. Јас сум дел од малата група на луѓе позитивни на вирусот“, изјавила доктор Кивлахан, која работи како извршна директорка за примарна нега во Сан Франциско.

Таа сведочела за болеста на своите колеги. 60% од нив биле заразени и заедно со неа минувале низ тешки моменти. Но, по неколку недели сите се вратија на работа Нејзините налоши симптоми минале без хоспитализација и респиратори. Дури може и да стане од кревет и да се качува по скалите.

Колин е во изолација уште од 6. март и не знае кога сето ова ќе заврши.

„Се уште не знаеме зошто сум позитивна и кога ќе станам негативна“, изјавила таа во разговор за San Francisco Chronicle.

Доктор Питер Чиун Хонг, специјалист за заразни болести на UC SF, вели дека за првпат слушнал за пациент кој е позитивен и по три месеци по добиената инфекција.

„Во рок од осум дена од појавата на симптомот, вирусот нормално умира. Бев шокиран кога дознав дека вирусот е сеуште жив. Чувството ми вели дека се работи за упорни фрагменти на вирусот. Но, засега никој не знае“, вели тој.

Лекарката не знаела кога се заразила. Таа мисли дека тоа било кога помогнала во службата за итен прием на ICSF клиниката. Секогаш носела маска на лицето, како и нејзините пациенти, но достапниот тест на коронавирус, тогаш немало.

Како шеф за примарна нега, доктор Кивлахан надгледувала стотина лекари и илјада пациенти. Била меѓу 100 официјални лица во Сан Франциско, кои присуствувале во првиот стратешки состанок за соочување со надоѓачката пандемија.

Три дена откако ги прегледала пациентите со стандардни симптоми на „Ковид-19“, таа почнала да ги чувствува симптомите. Чувствувала студ и добила грозница. Кога стигнала дома почнала да кашла, а тогаш се појавиле и проблемите со дишењето.

Останала дома и почнала да води дневник за симптомите кои ги чувствувала по болеста. Подоцна се разболел и нејзиниот сопруг. По 12 дена и било подобро, но тогаш настанал вториот бран на коронавирусот, па таа го изгубила и гласот и постојано кашлала. Толку се потела што постелнината морала да ја менува во текот на ноќта и по двапати.

И на 26. март е тестирана на коронавирусот и тестот бил позитивен. Неколку часа по дијагнозата, таа го изгубила и чувството за мирис и вкус. До ден денес, нејзините сетила се немаат вратено.

„Постојано чувствувам лажен мирис на пожар околу мене. Ноќите беа страшни, деновите ми беше подобро. Не сакав да одам во болница. Стапката на смртни случаи на интубирани пациенти беше висока“, објаснува таа.

На нејзиниот сопруг и бил дијагностициран HMPV, но никогаш не напредувал до „Ковид-19“, нешто што за експертите е мистериозно и необјасниво. Сега брачната двојка Кивлахан е вклучена во студијата со двојки, каде еден партнер е тестиран позитивно, а другиот не.

Извор/Курир.рс

Текстот Научниците немаат објаснување, лекарка 90 дена е позитивна на коронавирус, иако е во изолација е превземен од Reporter.mk.