Популацијата на птици ширум Америка е нагло опадната, предупредуваат научниците. Забележано е изумирање на три милијарди птици во континентот во периодот од 1970 година, што претставува пад за околу 29%.
Ова го покажува истражувањето направено во септември минатата година, од страна на Мајкл Пар, коавтор на студијата и претседател на American Bird Conservancy, пренесува „Бизнис-инсајдер“.
Во периодот меѓу 2015 и 2016 година речиси милион птици умреле во морето или завршиле на брегот на плажите меѓу Калифорнија и Алјаска. Тоа претставува најголемо масовно изумирање на морски птици во историјата.
Според студијата објавена во средата во списанието PLOS ONE, ова досега е невидено изумирање на птици предизвикано од топлотниот брак во Тихиот Океан. Ова е последен доказ за подмолна апокалипса на птици, предупредуваат научниците.
„Ние се наоѓаме среде криза“, изјавил за „Бизнис-инсајдер“ Чед Вајсли. Додека планетата се загрева и луѓето ги уништуваат пиродните живеалишта на птиците, небото над Северна Америка се празни, вели Вајсли.
Околу 90% од 3 милијарди птици, кои припаѓаат на 12 семејства се исчезнати. Меѓу нив има врапци и ластовици. Научниците забележале уништување на голем број животински свет и меѓу дивите животни како зајаците, а уништен е и голем предел од мочуриштата е наведено во септемвриското истражување.
Најголемиот фактор кој влијае на смртта на дивите животни е губитокот на нивното природно живеалиште. Голем дел од истото човекот го претвора во обработливо поле за развој на земјоделството.
„Во наредниот период очекуваме да се случи континуиран пад на загрозените видови животни. Но, првите резултати покажаат губиток на вообичаените птици“, изјавил Кенет Розенберг, водечкиот автор на студијата.
Друштвото „Аудубон“, во 2014 година, предвидело дека до 2080 година, 314 видови птици од Северна Америка ќе бидат избркани од нивните природни живеалишта.
Најновиот извештај објавен во октомври сугерирал дека арктичките и шумските птици најмногу се изложени на ризик, затоа што нивните живалишта ги има во најмал број. Извештајот кој е заснован на 140 милиони поединечни птици, исто така утврдил дека 389 од 604 видови птици во Северна Америка се во ризик од истребување.
Како резултат на ова се наведени климатските промени, како што е порастот на температурата, порастот на морето и екстремните временски неприлики, како што се сушата и топлото време.
Ненормалната топла вода го забрзува метаболизмот кај рибите грабливци, како што се лососот и бакалар, кој е единствениот вид риба како харинга, која е плен за некои видови птици.
Климатските промени ги влошуваат морските топлотни бранови, затоа што океанот апсорбира 93% од дополнителните топлотни гасови со ефект на стаклена градина на Земјата. Атмосферските научници предвидуваат дека во иднина топлотните бранови ќе го погодат истото подрачје на Тихиот Океан.
Многу истражувачи сметаат дека светот се наоѓа во период на масовното изумирање. Ова е шести пат во историјата како глобалната фауна доживува голем колапс во бројката.
Според податоците на Обединетите нации, милиони видови се соочуваат со ризик на изумирање. Три милијарди исчезнати птици во Северна Америка апсолутно се дел од шестиот тренд на масовно изумирање.
Според американското истражување за риби и диви животни, индустријата на следење птици чини над 100 милијарди долари. Од таму велат дека досега се утврдени исчезнувања на повеќе од 41 милион птици. Обичните птици исто така помагаат во контролата на популацијата на инсекти и ширењето на семените билки.
„Птиците нè насочуваат како и каде се случуваат фундаментални промени во животната средина“, напишал во октомври Дејвид О’Нил, главниот службеник за заштита на природата во „Аудубон“.
„Можеби промените не се забележливи од ден за ден, но како просечната глобална температура расте, можеме да забележиме и дека нема толку американски златни мравки како порано“, вели О’нил.
„ Со стабилизирање на емисиите на јаглен и одржувањето на загревањето до 1,5 степени Целзиусови над нивото на прединдустријата, 76% од ранливите видови ќе бидат зачувани, а речиси 150 видови повеќе нема да бидат изложени на истребување“, е наведено во извештајот.
Текстот Научниците предупредуваат на масовно изумирање на птици во САД е превземен од Reporter.mk.