Научниците сè уште без одговор за силните потреси во Индискиот Океан

Сеизмичка активност што се случила на крајот на 2018 година, под тлото на африканскиот континент, ги збуни светските геолози и сеизмолози. Тие велат дека вакви настани досега не биле забележани.

Некој вид масовна активност буквално ја тресела целата Земја, а научниците сè уште не се сигурни за што станува збор. Тим на француски истражувачи годинава објавил студија за сеизмичка аномалија која нуди неколку одговори за ваквите мистериозни случувања, но истата поставува повеќе прашања отколку што дава одговори.

Епицентарот на сеизмичката аномалија во 2018 година непосредно се наоѓал во близина на Мајот, прекуморскиот департман и регион на Франција. Станува збор за долги импулси и екстремно ниски фреквенции на бранови под прагот на човечката перцепција, но прилично моќни за да ги регистрираат сеизмолошките инструменти.

Се чини дека импулсите не се предизвикани од ниту еден вид протест, како што е сигурно и дека не се вештачки предизвикани. Геолозите откриле дека регионот Мајот тоне за дури 9 милиметри месечно, како и тоа дека се движи кон исток со двојно поголема брзина.

Се чини дека ваквата опсерварција ја поткрепува новата хипотеза дека настанот во 2018 година предизвикал подводни вулкански активности, какви што досега научниците не забележале.

Во новата студија за овој настан истражувачите пишуваат дека истиот би можел да биде настанат од вулканска ерупција во океаните. Се смета дека овој настан е предизвикан од кубичен километар на магма долга 28 километри, под површината на океанот. Научниците велат дека истата тече кон околните седименти слоеви.

Тие велат дека лавата не избила нагоре, затоа што не биле забележани никакви активности на површината. Сепак, научниците велат дека остануваат голем број неодговорени прашања за овој настан.

Истовремено во Индискиот Океан бил забележан голем помор на риби. Но, ако магмата е останата под земја, научниците немаат одговор што е тоа што ги убива рибите. Научниците немаат одговор што е тоа што ги предизвикува високофреквентните импулси, кои се снимени со ниски фреквенции.

Минатата година утврдено е дека масовната пукнатина која минувала низ Кенија и Сомалија се оддалечува од остатокот на континентот со брзина од 2,5 сантиметри годишно.

Неколку месеци претходно научниците објавиле студија за таканаречена „Јужноаталнска аномалија“. Тие ја нарекле чудна и необјаснива пречка во  магнетното поле на Земјата, која само укажува дека постои нешто необично во јадрото на Африка, кое би можело да има значително влијание на глобалното магнетно поле.

Научниците се прашуваат и дали сите тие феномени се меѓусебно поврзани, со тоа што се случува длабоко во земјата под африканскиот континент.

Научници тврдат дека на 11 ноември се тресела целата планета

 

Текстот Научниците сè уште без одговор за силните потреси во Индискиот Океан е превземен од Reporter.mk.