Научниците со одговор за силно невреме од пред 350 години, последиците се чувствуваат до ден денес

Научници велат дека успеале да ја решат мистеријата со настанатата бура од пред 350 години, која ја шокирала цела Европа. Бурата почнала да се појавува во северозападна Европа и траела 15 минути.

Големото невреме зад себе оставило големи штети, кои жителите во холандскиот град Утрехт ги чувствуваат до ден денес. Научниците велат дека немаат одговор за тоа шт0о навистина се случило во тој период, но со новата научна студија даваат објаснување за формата која оваа катастрофална бура ја имала.

Доцните години во 17 век биле особено предизвикувачки за луѓето во Холандија. Холанѓаните во тој период се затекнале со војна и биле нападнати од неколку странски сили, вклучувајќи ги и Французите и Англичаните. 1672 година е година позната како озлогласена и меѓу Холанѓаните е позната како „Година на катастрофата“.

Градот Утрехт бил пред банкрот, објаснува Џерард ван дер Шрир, од кралскиот Институт за метеорологија. Тогашните власти биле целосно неподготвени за каква било природна катастрофа.

Необјаснивата бура се појавила само две години подоцна. На 1 август 1674 година, во северозападниот дел на Европа, владеел типично топол и влажен летен ден.

Како се приближивала вечерта, на небото почнале да се појавуваат големи облаци. Научниците велат дека тоа било типичен летен ден, но ветерот, грмотевиците и силното невреме наместо да ја губат силата, истите добиле голем замав. Невремето ескалирало околу 18 часот и зад себе оставало огромен пустош.

Бурата се движела кон север и го зафатило поголемиот северозападен дел од Европа. Во Брисел се појавиле силни врнежи на град, со големина на тениско топче. Биле откорнати голем број на дрва, а силното невреме однело и големи делови од куќите. Во Стразбур, градот бил со големина на бебешка глава, пишувале тогашните весници.

Холандскиот трговец Герет Јенс Кох по страшното невреме, напишал песна во која опишал како бродовите во Аместердам биле однесени од водата и летале неколку метри во воздух. Кох говори и за фармерите кои по невремето, не успеале да си ги препознаат сопствените полиња.

Исчезнале голем број дрва, и црковни кули. Градот Утрехт минал најлошо, а последиите се видливи до ден денес.

„Катедралата Дом е најдобар сведок за невремето“, вели Дер Шрир.

Централниот дел од градот бил целосно срамнет со земја. Останала само огромна дупка меѓу кулата и кората. Бројни други цркви во Утрехт биле неповратно оштетени. Кулите кои завршиле во купчињата ѓубре, засекогаш биле изгубени. Жители во тој момент велат дека биле сведоци на два чудни момента.

Едниот од нив е настанатата штета од невремето за која велат дека била локализирана. Зградите во една уличка биле срамнети со земја, додека другите во нивна близина останале недопрени.

Вториот момент е тоа што бурата траела кратко време. Откако небото поцрнело и почнал да дува силен ветер, па се до моментот кога небото се разведрило, минале само 15 минути.

Метеоролозите во 1980 година заклучиле дека штетата во Утрехт морала да биде резултат на торнадо, кое може многу брзо да го исчисти подрачјето и да остави зад себе локализирана трага од уништеното.

Шрир и неговите колеги денес имаат подобро објаснување за оваа мистериозна бура. Тие сметаат дека торнадото било логичен одговор за штетата во едниот дел од градот, но не и за силното делување на широкот подрачје на северозападна Европа.

Научниците ваквиот тип на бура го поврзале со bow echo. Овој термин е релативно нов во метеорологијата, а изразот прв пат е користен пред 40 години, во период на широка употреба на метеоролошкиот радар.

Станува збор за широка бура во облик на лак, кој може да биде долг и до неколку стотина километри. Невремето минува низ подрачја во период од неколку часа, а поврзан е со силни и локализирани налети на ветришта кои дуваат во рамна линија. Ветриштата со огромна брзина се спуштаат ниско до самата земја и продолжуваат да се движат паралелно со површината на земјата.

„Успеавме да го реконструираме текот на легендарната бура и да го поткрепиме со фотографии од уништените предели“, вели Шрир.

 

 

Текстот Научниците со одговор за силно невреме од пред 350 години, последиците се чувствуваат до ден денес е превземен од Reporter.mk.