Научниците стравуваат дека со топењето на ледот се ослободува радијација

Научниците објаснуваат дека топењето на ледот би можел да влијае на околината и да го поттикне емитувањето на закопаното зрачење во внатрешноста на земјата. Тие велат дека станува збор за посебен феномен на 21 век, а примерите на ледените површини кои исчезнуваат со секој минат ден, стануваат се почести.

Меѓународен тим проучил 17 ледени локации ширум светот, вклучувајќи ги и оние на Арктикот, Антарктикот, Исланд, Алпите, Кавказ и Британска Колумбија. Трагите од природна радијација постојат, но научниците бараат примери на зрачење кои го покренале луѓето.

„Станува збор за некои од најголемите нивоа на радијација надвор од нуклеарните зони“, вели Каролин Класон, од Универзитетот Плимут.

Радијацијата која е предизвикана од човекот, како онаа во нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година, и несреќата во Фукушима во 2011 година, се ослободува во атмосферата. Тоа се низа на радиоактивни елементи, како радиоактивен цезиум, поради кои луѓето се разболуваат, а од последиците на вдишувањето некои и умираат.

Радиоактивните облаци од Чернобил патуваат ширум Европа, без разлика на границите. Преку носењето на дождот, радиоактивните честички стигнуваат и до Велика Британија. Со смрзнувањето на капките, настанува лед, во кој радиоактивните честички остануваат заробени.

„Радиоактивните честички се многу лесни и преку атмосферата можат да стигнат до најдалечните дестинации. Дождовните капки испаруваат, но снегот останува во ледот со децении, а во моментите на топење, радијацијата навлегува во земјата“, објаснува Класонов.

Таков е примерот со дивите свињи во Шведска во 2017 година, кога кај нив била откриена радијација 10 пати поголема од нормалното ниво.

Остатоците од радијацијата не се гледаат само по нуклеарните катастрофи, туку и по употребата на нуклеарно оружје. Посебно се забележани од периодот на тестирање на нуклеарните оружја од 50 и 60 години од минатиот век.

Радиоактивните елементи имаат различни животни векови. „Плутониумот-241“, може да опстане 14 години, додека синтетичките хемиски елементи како што е „амерциум-241“ може да има животен век од 423 години.

Во ледот може да опстане многу долго, а се шири за време на топењето. Класанова го смета за особено опасен, без разлика на тоа што не постојат голем број податоци за неговата можност за ширење во прехрамбениот ланец. Во науката денес попуарна е идејата дека луѓето трајно ги измениле основите на екосистемот на Земјата.

Тие материјали го произведуваат тоа што ние го оставаме во атмосферата. Со тоа покажуваме и како нашето нуклеарно наследство не е исчезнато, туку и понатаму е со нас. Важно е да го проучуваме, затоа што тоа е трагата на она што го оставаме во околината, смета Класанова.

 

 

Текстот Научниците стравуваат дека со топењето на ледот се ослободува радијација е превземен од Reporter.mk.