Турското обвинителство побарало да ѝ биде испорачан кошаркарот во НБА лигата Енес Кантер, кој игра за тимот на „Њујорк Никс“, поради неговата наводна поврзаност со свештеникот Фетулах Гулен. Анкара го обвинува Гулен дека е организатор на обидот за воен удар кој се случи во 2016 година во Турција, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Кантер кој отворено ја критикува политиката на турскиот претседател Таип Ердоган, е обвинет пред судот во Турција за наводно членство во „вооружената терористичка група“, откако во повеќе наврати го контактирале луѓе блиски н Гулен.
Како што пренесува агенцијата „Анадолија“, обвинителството побарало „црвена потерница“ за Кантер, што претставува налог за „Итерпол“ за лоцирање и апсење пред испорачувањето. Агенцијата наведува дека Кантер во повеќе наврати на социјалните мрежи го коментирал Гулен и често му изразулвал поддршка.
Турција претходно го поништила пасошот на Кантер ѝ го прогласила за бегалец поради поддршката која му ја давал на Гулен. Во мај 2017 година на Кантер му бил забранет влез во Романија поради поништување на турскиот пасош.
На почетокот на месецот, Кантер изјавил дека нема да оди во Лондон на мечот со својот тим, затоа што стравува дека ќе биде убиен поради критиките кои јавно ги искажувал кон Ердоган. Кантер поседува зелена карта која му овозможува да живее и работи во САД.
Текстот НБА играч замешан во пучот против Ердоган е превземен од Reporter.mk.