Викиликс ги повика медиумите да не објавуваат 140 различни наводи за неговиот основач Џулијан Асанж, за кои тврди дека се лажни и невистинити.
Во наводите се тврдело дека Асанж бил таен агент или офицер на некоја известувачка или безбедносна служба, односно дека работел за руската влада.
Ројтерс наведува дека не е јасно што точно ја предизвикало оваа препорака на Викиликс до медиумите, но агенцијата објавила дека меѓународната непрофитна организација контактирал со британски Гардијан поради објавувањето на ваквите лажни наводи за Асанж.
Ројтерс наведува дека Викиликс го контактирал главниот уредник на Гардијан, Пол Џонсон.
Guardian’s Deputy Editor, @paul__johnson, pushed fabricated front page Assange-Manafort story. Johnston is a member of the UK government’s media suppression board. The stated purpose of the board is to suppress true stories about UK spies, state security. https://t.co/1XCx3xbtt2 pic.twitter.com/YD5rftzcJ9
— WikiLeaks (@wikileaks) January 6, 2019
„Се шири клима на неточни наводи за Викиликс и Џулијан Асанж, вклучувајќи ги и намерните измислици во големите угледни медиуми“, се вели во мејлот на Викиликс, кој содржи 5000 зборови.
Во соопштението се додава дека новинарите и издавачите имаат одговорност да ги проверат фактите од прва раака и да не се шират лажни наводи од листата која Викиликс ја доставил до медиумите.
WikiLeaks tells reporters 140 things not to say about Julian Assange https://t.co/KIqDcrHOib pic.twitter.com/kRlTTYboKm
— Reuters Top News (@Reuters) January 6, 2019
Од Викиликс велат дека на овој начин со 140 лажни наводи се свртува вниманието дека Асанж бил агент или офицер на некоја известувачка служба, односно дека работел за руската влада или дека бил близок до руската држава, Кремљ или претседателот Владимир Путин.
FULL DOC: Emails between Guardian & diplomat over another false “Russian plot” story by the same journalist behind the front page “Assange-Manafort” fabrication, Luke Harding. Guardian’s top journalist Ian Cobain gone but serial fabricator Harding remains. https://t.co/0c8ycVOI2j
— WikiLeaks (@wikileaks) January 6, 2019
„Викиликс“ ги негира наводите за личниот живот на Асанж, како што се зацврстувањето на косата, дека е хакер и дека не ја одржува хигиената и слично.
Текстот Некој заговара да го намести Асанж дека е руски шпион, тврди Викикилс е превземен од Reporter.mk.