Човекот со име Д.Б.Купер со закана на бомба, киднапирал авион кој летал од Портланд до Сиетл на 24 ноември 1971 година. Откако во Сиетл ги ослободил патниците и екипажот, им наредил на пилотите да полетаат за Мексико, а потоа скокнал со падобран низ задната врата со 200.000 долари, некаде над шумскиот терен на Вашингтон.
Никогаш повеќе не е виден и до ден денес останува еден од најмистериозните случаи во американската историја.
Од време на време се појавуваат нови теории за тоа кој би можел да биде мистериозниот Д.Б.Купер, а неодамна Карл Лорин од Мичиген се обратил на медиумите, велејќи дека прочуениот крадец му бил комшија.
„Тоа е Волтер Рек, мојот најдобар пријател и истакнат падобранец и ветеран од Мичиген“, изјавил Лорин.
Тој дури и повикал конференција за медиумите во Гранд Репидс, кога ги објавил снимките од разговорот кој го водел со Рек во текот на осумте години, во кој наводно се откриваат детали за киднапираниот авион во 1971 година.
„Ова е киднапирање и имам експлозив“, наводно се слуша гласот на Рек.
Негов роднина, Лиса Стори вели дека нејзиниот вујко често бил на другата страна на законот и поради тоа имал проблем да најде работа.
„Бил во Американската национална гарда, како и падобранец во воздушните сили“, изјавила таа. ФБИ се откажал од истрагата уште пред неколку години, а Бек умреп пред три години.
„Едноставно ја добив таа идеја и го направив тоа. Не бев воопшто сигурен, но на крајот сепак го направив“, се слуша Рек на снимката.
Лорин во меѓувреме напишал и книга „Д.Б.Купер и јас: Криминалец, шпион и мојот најдобар пријател“.
Исто така вели дека поседува документација која покажува како биле потрошени украдените 200.000 долари.
Текстот Нерешениот случај на ФБИ добил нов пресврт – откриен човекот кој украл 200.000 долари? е превземен од Reporter.mk.