Мистеријата за зелениот лед ги мачи научниците повеќе од 200 години, а сега екипа од Универзитетот „Вашингтон“, е на пат да ја реши големата мистерија. Ледот најчесто менувал бојата од бела боја во синкаста, во зависност од тоа како ги апсорбирал другите бои од видливиот спектар.
Стивен Ворен има нова теорија со која може да утврди како настанува зелената боја. Тој вели дека зелените глечери станале дел од митологијата на Антарктикот и уште во 18 век голем број истражувачи ја приметиле необичната зелена боја на некои ледови кои се наоѓале на Северниот пол.
Ворен вели дека железото во ледот можеби претставува клучниот чекор кој недостасува во „ланецот на исхраната“ на ледот. Сантите мраз успеваат да стигнат до железото додека се формираат, а го собираат од дното на Антарктикот. Тогаш ледените санти мраз носат железен прав во океанот, каде се него се хранат фитопланктони, микроскопски организми со кои се хранат китовите, зоопланктните, медузите и други видови на подводни видови.
„Тоа е како носење на пакет во пошта. Сантата мраз може да го однесе железото далеку во океанот, да го растопи и да го предаде на фитопланктоните кои го користат како хранлива состојка. Секогаш мислевме дека зелените санти мраз се нобична појава, но сега извесно дека истите се и многу значајни за нас“, вели Ворен.
За него патувањето започнало уте во 1988 година, кога го земал првиот примерок од зелениот глечер во близина на источниот Антарктик.
„Кога се качивме на глечерот тогаш не ни беше највпечатлива бојата, туку чистотата. Немаше балончиња, беше јасно дека тоа не е обичен глечер“, вели Ворен.
Фактот дека нема балончиња е многу необичен. Речиси секогаш постојат меурчиња со воздух. Но, овие глечери ги немаат, а нивната боја е потемна. Но, тоа и понатаму не го објаснува зеленилото. На почетокот се мислело дека можеби станува збор за стопен јаглерод, но, тој е жолт. А жолтото и синото на крајот даваат зелено. Но, тестовите покажале дека во нив има исто јаглерод како и во секој друг просечен глечер.
Студијата која во 2016 година ја водела Лаура Херез Борегеро од Универзитетот „Саутемтон“, понудила решение. Нејзиното истражување покажало дека зелените глечери имаат 500 пати повеќе железо. Тоа сепак отвора нови прашања, за тоа од каде доаѓа железото.
Текстот Никој не знае како настануваат зелените глечери е превземен од Reporter.mk.