Нобеловецот Мајк Левит, американско-британско-израелски биофизичар, вели дека го знае тајмингот кога опасниот коронавирус ќе престане да се шири низ светот.
Тој не открил како се лечи коронавирусот, не го знае лекот, туку само вели дека го направил она што најдобро го умее, да работи со бројки и да пресметува. Тој ги вкрстил бројките и статистичките податоци го довеле до заклучок дека ширењето на вирусот, за разлика од мрачните прогнози на некои научници, ќе престане да се шири.
Неговите прогнози досега се покажале како точни. Бројот на нови случаи пријавени секој ден пончале да опаѓаат од 7 февруари. Недела дена подоцна, стапката на смртност исто така почнала да се намалува.
Левит во 2013 година ја доби Нобеловата награда за хемија за развој на модел со повеќеструкни скали за сложени хемиски системи.
„Немав намера да бидам пророк кој ќе најави кај на чумата, Тоа едноставно се настана случајно. Стапката на заразени со вирусот во провинцијата Хубеи секојдневно се зголемуваше за 30%. Тоа е застрашувачка статистика. Не сум експерт за грип, но можам да ги анализирам бројките и тоа е експоненцијален раст. Според оваа брзина, целиот свет би требало да биде заразен во рок од 90 дена“, вели Левит.
Но, тогаш трендот се променил. Кога Левит на 1 февруари почнал да ги анализира податоците, Хубеи имал 1800 нови случаи секој ден, а во рок од шест дена таа бројка достигнала 4700.
„Тогаш на 7 февруари, бројот на нови инфекции почнал линеарно да опаѓа и не престана. Недела дена подоцна се случи истото и со бројот на починати. Оваа драматична промена на кривата ја обележа средната точка и овозможи подобро предвидување на времето кога пандемијата ќе заврши. На основа на тоа заклучив дека ситуацијата во цела Кина ќе се подобри во рок од две недели. И навистина сега има мал број на нови случаи на инфекции“, вели Левит.
Секојдневно се пријавуваат нови броеви на различни ентитети, како Светската здравствена организација (WHO). Левит почнал да ги испраќа своите редовни извештаи до своите кинески пријатели. На основа на сè помалиот број на случаи на зараза и смртни случаи, Левит вели дека од Кина веројатно вирусот ќе исчезне до крајот на март.
На почетокот, Левит изјавил дека секој заболен со коронавирусот во Кина, во просек заразил 2,2 луѓе дневно. Што може да се напомене како експоненцијален раст кој може да доведе до катастрофа.
„Но, тогаш почнал да опаѓа, а бројот на нови дневни инфекции сега е речиси нула“, вели Левит. Тој повторно го споредил ова со каматните стапки.
„Дури и каматната стапка и понатаму да опаѓа, сепак ќе заработувате. Износот кој сте го вложиле не се намалува, само расте побавно. Кога разговараат за болестите, луѓето многу се плашат затоа што секојдневно слушаат за нови случаи. Но, факт е дека стапката на зараза се забавува, што значи дека крајот на пандемијата се ближи“, вели Левит.
„За тоа постојат неколку причини. Во експоненцијалните модели на раст, се претпоставува дека новите луѓе можат да се зарзат секој ден, затоа што постојано запознавате нови луѓе. Но, ако се земе во предвид друштвениот круг на луѓе, во основа секојдневно се среќавате со исти луѓе. Можете на пример да запознаете нови луѓе во јавен превоз, но дури и во автобус, откако по некое време повеќето патници ќе бидат заразени или имуни“, вели Левит.
Уште една причина зошто стапката на зараза се забавува има врска со насоките на физичката оддалеченост.
„Не ја прегрнувајте секоја личност која ќе ја сретнете на улица и избегнувајте да средба лице во лице со некој кој е настинат, како што тоа го правевме ние“, вели Левит.
„Колку повеќе се придржувате на овие совети, толку повеќе можете да ја задржите инфекцијата под контрола. Под тие околности, преносителот ќе зарази само 1,5 луѓе на секој три дена и стапката ќе продолжи да опаѓа“, вели Левит.
Според неговото објаснување, карантинот ја прави разликата, но постојат и други фактори.
„Знаеме дека кина беше под речиси целосен карантин, луѓето само ги напуштаа домовите да купуваат, но избегнуваа контакти со другите“, вели Левит.
„Во Вухан, кој имаше најголем број на случаи на инфекција во провинцијата Хубеи, сите имаа шанса да се заразат, но само 3% се заразија“, објаснува Левит.
Дури и на „Дијамантната принцеза“ (бродот кој беше погоден со коронавирусот) стапката на зараза беше повеќе од 20%. На темел на статистиката, Левит заклучил дека многу луѓе се природно имуни на вирусот. Експлозијата на случаи во Италија е загрижувачка вели тој, но проценува дека тоа е резултат на се поголемиот процент на стари луѓе отколку во Кина, Франција или Шпанија.
Кина тоа го направи сјајно и успеа да стекне целосна контрола на вирусот, вели Левит.
Тој не сака да дава глобални прогнози. Во Кина, како што вели тој, бројот на нови инфекции наскоро ќе достгине до нула, а во Јужна Кореја помината е средната точка и веќе и таму може да се види крајот. Што се однесува до остатокот на светот, сеуште е тешко да се каже, вели Левит.
Ќе заврши кога сите оние кои се болни ќе сретнуваат само луѓе кои веќе се заразени.
Текстот Нобеловец откри кога коронавирусот ќе престане да се шири е превземен од Reporter.mk.